Илиевски: Регионот е премал за да може да си дозволи да остане економски поделен
Објавено во: Мои пари 28 Март, 2016 15:25
Генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски учествуваше на пролетниот „Вивалди“форум за генерални директори, кој традиционално, седма година по ред, го организира престижната школа за менаџмент во Мокра Гора, Србија.
Генералниот директор на „Тиквеш“, Илиевски беше панелист во дебатата посветена на регионалните економски перспективи со наслов „Од Вардар, па до Триглав“ на којашто учествуваа повеќе главни и извршни директори од компании кои имаат раширени бизнис операции во рамки на целиот Западен Балкан.
„Единствената перспектива за приклучок на регионоткон глобалните економски текови лежи во неговото економско обединување. Доколку како компании и брендови се ограничиме само на пазарите во сопствените земји, ги губиме сите можности за долгорочен одржлив раст и напредок. Затоа Тиквеш континуирано ги истражува потенцијалите за вложувања во специфичните вински ’тероари’ во регионот, а заинтересирани сме и за можни инвестиции во други сродни индустрии“, вели генералниот директор на „Тиквеш“, Игор Илиевски,објаснувајќи го регионалниот пристап на најголемата македонска винарница.„Ние во Тиквеш, пазарите на земјите во регионот одсекогаш сме ги третирале како и домашниот пазар. Подеднакво се посветувамеи во Белград и во Загреб, како и во Подгорица и Сараево. Токму овој пристап ја прави ’Тиквеш’ една од водечкитевинарници во регионот, која со гордост може да каже дека станува препознатлива и во светски рамки“, потенцираше Илиевски.
На годинешниот пролетен бизнис форум што се одржува во Мокра Гора сместена во живописните предели на планината Златибор во Србија, се дискутираше и за новите глобални бизнис трендови, како и за значењето на претприемачките иницијативи и промените во бизнисот.Во рамки на самитот предавање одржа и д-р Асле Тоје од Нобеловиот институт од Осло, Норвешка кој говореше за местото на Европа во новиот светски геополитички поредок, како и познатиот режисер Емир Кустурица кој зборуваше за улогата на елитатата во просперитетот на општеството.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив





