Им подлегна на повредите: Почина и четвртото момче од БМВ-то што излета кај Куманово
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2015
И четвртото момче кое беше единствено преживеано од четирите кои се возеа во БМВ-то кое минатата недела се случи кај Куманово, им подлегнало на повредите пренесуваат медиумите.
Момчето кое беше повредено минатиот петок, во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на Куманово, им подлегна на повредите во болница.
Две од вкупно четири момчиња, кои со своето БМВ излетаа од надвозникот кај на „Бедињски Мост“ кај бензинската пумпа на Макпетрол, починаа на самото место, а третото почина на пат до болницата во Куманово. Четвртото момче со тешки телесни повреди беше донесено на скопските клиники, но и тоа во саботата им подлегнало на повредите.
Да се потсетиме:
Несреќата се случила пред 17 часот, кога од засега непознати причини автомобилот кој се движел од населбата Бедиње кон центарот на градот изгубил контола и ја пробил заштитната ограда. Откако паднал на автопатот на него налетала цистерна, која во обид да го избегне бемвето се превртела неколку пати и преминала на другата коловозна лента.