20 Април, 2024
0.0281

ИМА ЛИ ЌАР ОД НОВИОТ РЕКТОР: Студентите бараат конкретни решенија

Студентите, потенцираат од Пленумот, сакаат раководство кое ќе биде избрано на отворен, транспарентен и легитимен начин, кое ќе се бори за интересите на студентите, а не за лични интереси. Ректорот велат не смее да дозволи рушење на универзитет

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Иако поминаа само два дена откако новиот ректор Никола Јанкуловски седна во  ректорското столче на најстариот универзитет УКИМ, обврските и проблемите со кои ја затекна новата функција бараат итни решенија и конкретни чекори-велат дел од   студентите членови на Студентскиот пленум. Очекуваат  првиот човек на највисоката академска скала на универзитетот  да не ги повтори грешките  од својот претходник  и пред се да не го игнорира ставот и мислењето на студентот. Според нив не смее да се заборави туку треба  да се расветли причината за противуставниот и противзаконитиот упад на вооружените и униформирани безбедносни структури во автономната територија на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Ректорот како што  велат треба да биде крајно посветен на идејата за автономен универзитет и нема да потклекне под никакви притисоци кои може да го загрозат истиот. 

“УКИМ е најстар универзитет во Македонија и како таков се изгради и етаблираше како најквалитетен. Сметаме дека проблемите кои го мачат универзитетот не се директно поврзани со квалитетот на кадарот и на образовната програма, туку со институционалните правила и принципи кои секоја година предизвикувааат проблеми. Години наназад  гледаме универзитет на кој одамна се заборавени принципите на кои почива академскиот свет. Слободната академска мисла, демократското владеење и транспаретноста се неопходни за зачувување на угледот на УКИМ и секако се од помош за понатамошно зголемување на квалитетот на образованието. Сметаме дека новите бруцоши ќе влезат на универзитет кој се соочува со низа проблеми, универзитет кој дозволи нетранспарентни избори за ново студентско раководство, отворени прашања за нов Закон за високо образование, кој дозволи полициска интервенција на свое тло, малтретирање на студенти, професори.  Затоа е потребен константен притисок до управните тела кои ја имаат моќта да го вратат универзитетот на правилниот пат и активна соработка на студентите и професорите во тоа поле”- вели студентката Деа Здравковска. 

Студентите, потенцираат  од Пленумот,  сакаат  раководство кое ќе биде избрано на отворен, транспарентен и легитимен начин, кое ќе се бори за интересите  на студентите,  а не за лични интереси. Ректорот  велат не смее да дозволи рушење на универзитетската автономија  и секој  избор организиран на УКИМ  да се случува во отсуство на легитимни претставници од страна на студентите. Ваквата состојба  со години  фрла дамка во процесот на изборот, а со тоа и врз целата репутација на универзитетот.

 “Веќе години наназад, игнорирањето на барањатана студентите и одбивањето да се донесе здрава реформа се она што го мачи највисокото управно тело на универзитетот. Ова беше допополнително засилено од фактот што досегашната практика успеа да ги апатизира студентите. Очекувано, македонската академска заедница за  возврат доби само студентски молк.  Сметаме дека новиот почеток треба да биде одбележан со активно мотивирање на студентска соработка и кревање на слободната критичка мисла како предуслов за слободен тек на идеи и решенија. Дополнително, новата управа треба да ги разбере бенефитите од вистинското, слободно студентско организирање и да  почне да размислува за сериозни реформи во овој поглед. За разлика од стариот ректор, очекуваме дека Јанкуловски нема да молчи пред фактот дека студентското организирање на УКИМ стана уште една машина која треба да се  храни со пари, а да произведува апатичност”- додава Здравковска.

Студентскиот пленум посочи на низа неправилности во изборот на ново студентско раководство и  го достави својот предлог за модел на студентско организирање пред комисијата во Сенатот со што велат  ги исцрпи сите формални канали преку кои можеше да делува за  студентското организирање. Очекуваат нова  седница на Сенатот а УКИМ на која ќе произлезат конкретни решенија. Непревземањето одговорност од поранешниот ректор  и Универзитетскиот сенат до кои беа упатени апели,  а и детална документација од студентите кои алармираа за состојбите со СПУКМ одиграа голема улога и велат носат вина за ужасниот расплет на настаните и погазувањето на студентските права.

“Изборите  во јуни беа распишани со две  години доцнење и само поради притисокот од студентите, во екот на летото и по крајот на академската година, беа проследни со прекршување на правото на тајно гласање и немање паравани, избирачки список, евиденција за студенти кои гласале, немање целосни изборни комисии со три членови, неозначени гласачки ливчиња, невалидни печати на Студентските парламенти и на крајот на денот - одземање на гласачките кутии од местата на гласање. Потребно е да се реформира структурата на СПУКМ и да заличи на парламент во кои студентите ќе ги бираат сите свои претставници и ќе им се овозможи на сите студенти и организации да се кандидираат без двојни стандаррди.  Студентската претставничка организација треба да почне да се однесува одговорно пред студентите кои ги претставува, наместо да работи колку може повеќе студентите да знаат помалку за нејзината работа”- велат од Пленумот.

Според нив комисијата  треба да направи напори и чекори  да го реформира моделот на студентско организирање и штом ја заврши својата работа да се распишат нови, легални и легитимни избори за студентски претставници.Студентскиот пленум порачуваат е неформално самоорганизирање  кое се обликува и делува во зависност од желбите и потребите на студентите на УКИМ. Групата која моментално го сочинува Пленумот велат не го зема за приоритет опстојувањето на моменталната организација , колку што се труди да ја одржи во  живот студентската слободна мисла и организирање без разлика под кое име доаѓа тоа. 


Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо