19 Декември, 2025
0.0590

Импортерите на нафта ќе се опарат и од Агенцијата за стокови резерви

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Од денеска и Агенцијата за стокови резерви ќе им плаќа на нафтените импортери за чувањето на ова гориво во нивните складишта, услуга која до сега со старата уредба беше практично бесплатна. Ова значи дека приватните увозници кои имаат свои складишта и ја чуваат државната нафта ќе наплаќаат и од ова место, покрај веќе започнатата наплата од Дирекцијата за нафтени резерви.

Надоместокот за чување и складирање изнесува 2,5 евра на месечно ниво за секој метар кубен резервоарски капацитет пополнет со нафтени деривати од стоковните резерви. Истата сума на „Макпетрол“, „Окта“, „Лукоил“ и „Супертрејд“ од минатиот месец ја плаќа Дирекцијата за нафтени резерви, со тоа што оваа институција има многу повеќе купена нафта од агенцијата и нејзината треба да трае за 90 дена под претпоставка да нема никаков увоз, односно продажба во земјата.

Директорот Уљуси Бекири вели дека на Дирекцијата во секој момент и се чувани 100 милиони литри, бројка која горе-доле е постојана во текот на годината и дека исплатата за складирањето започнало со уредбата која ја донесе Владата во јули.

- Првата исплатата за месец јули ја испативме кон импортерите во текот на септември но таа беше само делумна бидејќи кога стапи на сила уредбата не го покри целиот месец. Сега во октомври ќе ја исплатиме целокупната месечна сума за август. Се работи за исплата на целокупниот капацитет за чување кој е во сопственост на приватниците, а ние имаме само мал што е наш, вели Бекири.

Кај Агенцијата за стокови резерви, за разлика од дирекцијата, е предвиден пома капацитет на чување, а во 2018 година немало промени во количината на деривати кои се складирани кај приватни складиштари. За 2019 планирано е да се купат горива кои би траеле помалку од една недела под претпоставка во земјата никој друг да не продава.

Претходно увозниците во земјата не добиваа никаков надомест за оваа услуга а беа должни да ја чуваат во своите складишта. Инаку, граѓаните со секој купен литар гориво и плаќаат на државата од 0,3 до 0,89 денари за нафтените резерви, па по оваа основа државата годишно собира околу осум милиони евра, но фирмите што ги чуваат резервите, со години не добиваа никаков надоместок. 

Претходниот начин на добивање „компензација“ беше застарен и потекнува од времето на СФРЈ со кој компаниите може да го користат горивото од резервите, но потоа да го вратат, што во суштина значи никаква добивка за тоа. 

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?