ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: И Словенија меѓу земјите со најниска стапка
Објавено во: Економија 18 Септември, 2024
Инфлацијата во еврозоната официјално забави во август. Најниска годишна стапка на инфлација е забележана во Литванија (0,8 отсто), Летонија (0,9 отсто), Ирска, Словенија и Финска (сите по 1,1 отсто), додека највисоки стапки се во Романија (5,3 отсто), Белгија (4,3 отсто) и Полска (4,0 отсто).
Годишната стапка на потрошувачка инфлација во еврозоната се намали 2,2 отсто во август, што е најниско ниво во повеќе од три години.
Овој резултат претставува намалување од 2,4 отсто инфлација во јули, покажуваат податоците на Евростат. Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, исто така се намали на 2,8 отсто во август, во споредба со 2,9 отсто претходниот месец.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.