19 Декември, 2025
0.0504

Инспиративната „Пепелашка“, Марија Савеска, поддржана во кампањата „Вложуваме во млади таленти“

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2022 11:12

Добивај вести на Viber

Младата и талентирана Марија Савеска, која ја толкуваше главната улога во првата танцова инклузивна претстава на Балканот – „Пепелашка“, е втората инспиративна млада личност која е поддржана во рамки на  кампањата за општествена одговорност „Вложуваме во млади таленти“, поддржана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Дваесетгодишната Марија Савеска која живее со церебрална парализа претставува симбол за инклузија на младите лица со попреченост, бидејќи нејзината состојба не ја спречува да го живее својот сон и активно да се занимава со музика и танц.

„Енергијата и љубовта кои Марија ги негува кон уметноста, нејзината упорност и смелост храбро да чекори во животот и да ги поттикне останатите лица со попреченост да го живеат животот, без граници, беа клучни фактори што нè поттикнаа оваа млада девојка да биде поддржана во нашата кампања која ги идентификува и ги поддржува младите таленти од областа на спортот, уметноста и науката. За Марија обезбедивме финансиска поддршка за посета на часови по музика кај Андријана Јаневска и учество и посета на концерти во странство каде може да биде претставен нејзиниот талент“ – потенцираше Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Марија вели дека откако знае за себе  поседува огромна љубов кон музиката и танцот. Таа повеќе од  пет години е дел од танцовoто студио „Еурека“, каде што била првиот член во инклузивната група која сега прерасна во успешна група на лица со попреченост што се закити и со наградата Златна бубамара на популарноста, токму за првата инклузивна претстава „Пепелашка“ во која Марија ја толкува главната улога.

„Откако знам за себе ги сакам музиката и танцот, тие се мојата слобода, мојот идентитет. Посебно уживав во претставата „Пепелешка“, бидејќи имав можност на сцената да откријам еден поинаков свет и да го претставам својот талент. Многу сум задоволна што мојот талент беше препознаен и поддржан во кампањата „Вложуваме во млади таленти“, затоа што верувам дека поддршката што ја добив ќе ми овозможи да се надградувам во полето кое најмногу го сакам, а тоа е уметноста.“- вели Марија.

Преку кампањата „Вложуваме во млади таленти“ AСОМ како општествено одговорен субјект обезбедува поттик и поддршка за развој на младите таленти од областа на спортот, уметноста и науката, со што дава значителен придонес за заедницата во целина.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство