Добивај вести на Viber
Интел корпорацијата и Луксотика Груп
S.p.A (MTA: LUX; NYSE: LUX) денес ја објавуваат повеќегодишната соработка во полето на истражување и дизајн за фузирање на премиум, луксузни и спортски очила со „smart“ технологија.
Оваа стратешка алијанса ќе ги помести границите на истражувањето и дизајнот за да предвиди како паметната технологија за очила ќе изгледа во иднина. Крајната цел е да се биде пионер на промената и да се испорачаат паметни, модерни и напредни производи што ќе им значат на потрошувачите и истите ќе ги привлечат. Првиот производ на Интел и Луксотика се очекува да биде лансиран во 2015 година.
“Растежот на „wearable“ технологијата отвори ново поле за иновации,“ кажа извршниот директор на Интел Брајан Крзанич. “Преку нашата соработка со Луксотика Груп, ние ќе ги соединиме нашите екосистеми и ќе ги споиме водечката силиконска и софтвер технологија со иновацијата во дизајн и експертиза за потрошувачи на Луксотика. Очекуваме дека комбинацијата од нашите експертизи ќе помогне за брз напредок во иновацијата и поместување на границите на она што е возможно.”
"Ова е неверојатна можност за нас да продолжиме со иновации и понатамошно обликување на иднината на очилата,“ кажа Масимо Виан, извршен директор на Луксотика Груп. "Заедно со Интел, ќе продолжиме со развојот на потенцијалот на „wearable“ технологијата, ширејќи ги границите на она што очилата можат да бидат. Ќе ја предводиме промената за креирање на рамки што се интелигентни и функционални исто колку што се убави. Производи што потрошувачите ќе сакаат да ги носат. "
Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори.
Луксотика Груп (MTA: LUX; NYSE: LUX) е лидер за премиум, луксузни и спортски очила со преку 7000 продавници во Северна Америка, Азиа-Пацифик, Кина, Јужна Африка, Латинска Америка и Европа, како и силно, балансирано портфолио на брендови. Брендови од оваа куќа ги вклучуваат Ray-Ban, најпознатиот светски бренд за очила, Oakley, Vogue Eyewear, Persol, Oliver Peoples, Alain Mikli и Arnette, додека лиценцираните брендови ги Giorgio Armani, Bulgari, Burberry, Chanel, Coach, Dolce & Gabbana, Donna Karan, Polo Ralph Lauren, Prada, Michael Kors, Starck Eyes, Tiffany и Versace. Со глобална продажна мрежа низ 130 различни држави, групацијата менаџира водечки ланци на продавници на големите пазари како LensCrafters, Pearle Vision и ILORI во Северна Америка, OPSM и Laubman & Pank во Азија-Пацифик, LensCrafters во Кина, GMO во Латинска Америка и Sunglass Hut ширум светот. Производите на групацијата се дизајнирани и произведени во шест производствени фабрики во Италија, три во Кина, една фабрика во Бразил и една фабрика во Соединетите Американски Држави секојдневно посветени на производство на очила. Во 2013 година, Луксотика Груп објавила приход од 7.3 милијарди евра.