19 Декември, 2025
0.0358

Интернетот компензира за падот на приходите од разговори во Македонски Телеком и Т-Мобиле

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2014 13:45

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат на водечката позиција и во првиот квартал од 2014 година. Продолжува трендот на пораст во интернет и IPTV сегментот, а се намалуваат приходите од говорните услуги. Во текот на првиот квартал од 2014 година, приходите од продажба на ниво на Групација изнесуваат 2.650 милиони денари што претставува намалување од 13,4% во споредба со истиот период во 2013 година. Оперативните расходи, во првиот квартал од 2014 година се намалени за 15% споредено со истиот период од минатата година, додека вкупните капитални инвестиции (CAPEX) изнесуваат 150 милиони денари. Нето добивката пред оданочување е намалена за 11% во споредба со истиот период од минатата година Но, и покрај негативните трендови Македонски Телеком според интерните проценки зазема 66% од пазарот во сегментот на фиксна телефонија и 52,2% во широкопојасен интернет. Наспроти падот на приходите од говорните услуги, приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол (IPTV) се зголемија за 3,8% во споредба со истиот период од минатата година. Фокусот на double и triple play пакетите донесе зголемување на DSL корисниците за 7,2% со што корисничката база на DSL во првиот квартал на 2014 година е 189 илјади корисници. Македонски Телеком има најголем удел на ТВ пазарот од 21,7% (интерна проценка). Бројот на IPTV корисниците е пораснат за 26,8% во споредба со истиот период минатата година. Како резултат на квалитетната услуга, интерактивноста и единственото ТВ искуство, корисничката база достигна 91 илјада корисници. Во мобилната телефонија и покрај силното конкурентно опкружување Т-Мобиле Македонија останува лидер на пазарот со 47,2% удел (интерна проценка) и 1,2 милиони корисници. Приходите од говорните мобилни услуги се намалени за 21,7% како резултат на намалувањето на тарифите. Продолжи трендот на зголемено користење на мобилните услуги, при што во пакетите за иста цена се опфаќаат сé повеќе минути. Тоа резултираше со зголемување на бројот на минути на користење (MOU). Следствено забележан е пад на просечниот приход по корисник (ARPU) за 21%. Приходите од неговорни услуги се намалија за 13,1% во споредба со претходниот период, како резултат на помалиот број на испратени СМС, намалените интерконекциски цени на СМС како и приходите од содржини. Падот на овие приходи е делумно компензиран со зголемените приходи од мобилен интернет и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство