17 Декември, 2025
0.0619

Интервју со адвокат Маја Ристова: Работничките права не се “штитат” на пикник со скара

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2018 22:15

Добивај вести на Viber

Работникот во земјава е “послабата карика” во синџирот на пазарот на трудот. Работничките права се намалуваат и се кршат, а работникот молчи. Од страв да не го изгуби работното место  молчи за речиси сите сторени повреди на работничките права, вели во интервју за Фактор, адвокатката Маја Ристова која е и претседателка на Асоцијацијата на менаџери на Македонија. Да се сочува работното место и достоинството е тежок  пат низ кој е потребна борба со законите, но вели  постои мал но позитивен исчекор да се бараат прекршените работнички права.

ктор: Kакви се состојбите во земјава по однос за работничките права и нивната заштита?

Ристова: Работничките права во Р.Македонија се повеќе се кршат и намалуваат. Работникот е “по слабата карика” во синџирот на пазарот на трудот, за разлика од работодавачот. Нема балансиран третман на работникот наспроти работодавачот. Тоа е резултат на често менуваната законска регулатива, политизирани и контролирани синдикати и нефункционирање на надлежните институции.

Фактор: Што предвидува законската регулатива и колку често истата се прекршува?

Ристова: Законската регулатива предвидува права и обврски, како на работникот, така и на работодавачот. Но, ова е состојбата на хартија. Во практиката е нешто поинаку, односно работникот е ставен во по неповолна положба во однос на работодавачот. Истиот има помалку права, а веќе постоечките секојдневно се прекршувани. И ова не е само мое мислење, туку е докажано и со бројни релевантни статиските и извештаи.

Фактор: Историски, години наназад работникот трпи повреди на работното место, вербални и физички понижувања, а дополнително трудот не му е вреднуван. Како да се променат овие состојби?

Ристова: Мислам дека треба да се започне со измена и дополнување на законската регулатива и заложби на целата држава за доследно имплементирање на истата. Потребно е и да се спроведат кампањи за подигање на свеста на граѓаните впуштени на пазарот на трудот, но и “кревање” на гласот на граѓаните за да истиот се слушне до креаторите на политиките во државата.

Фактор: Вашата специјалност е вознемирувањето на работно место- мобинг за која бевте и правен советник во Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг при ССМ, тренер и обучувач на национални и меѓународни работилници но дел и од работната група за изработка на посебниот Закон за заштита од вознемирување на работното место. Дали работите се поместени во однос на овој вид на вознемирување и прекршување на работничките права?

Ристова: Да, за нијанса. Бавно се движиме, но би рекла дека има напредок. Кога започнав да се занимавам со оваа проблематика, луѓето не беа запознаени што всушност значи вознемирување на работното место, а не пак да знаат да се зашититат. Години подоцна се повеќе се слушаше за ова, а познавајќки ги своите права, работниците почнаа и да превземаат мерки за спречување на истото. Така, работодавачот стана повнимателен, особено кога се започна и со вложување  тужби за утврдување на вознемирување на работното место. Во 2013 година, се донесе и посебен Закон за заштита од вознемирување на работното место, а пред некоја година се донесе и (неправосилна) пресуда во корист на жртвата. Факт е дека многу доцниме за разлика од западните земји, но сепак не стоиме во место, туку се движиме напред.

Фактор: Колку е тешко да се води целата процедура и да се докаже оваа форма на закани и вознемирување?

Ристова: За мене како адвокат не е тешко, но за жртвите, да. Освен докази, за успешно завршена постапка потребно е време, труд, енергија, финансии и трпение, што не секој ги има. Уверувам дека доколку се вознемирува, истото може и да се докаже. Меѓутоа, жртвата потребно е да биде информирана и истрајна.

Охрабрувам секој кој е жртва на вознемирување на работното место да не молчи и трпи, туку да ги превземе сите мерки на заштита.

Фактор: Дали работникот се ослободува отворено да зборува за проблемите или се уште под притисок на политиката, опкружувањето и финансиската немоќ молчи за неправдите и проблемите?

Ристова: Сеуште се молчи за речиси сите сторени повреди на работничките права, од страв да не се изгуби работното место. Особено се молчи за вршење на психичко и полово вознемирување на работното место, како и дискриминација на работното место.

Фактор: 1 Мај се одбележува како ден на трудот, со протести и пораки да се преземат конкретни чекори за сите работници. Но се чини на терен состојбите не се менуваат и остануваат на декларативни заложби. Што мора да се промени?

РистоваТокму така. Во Македонија работничките права се “штитат” на пикник со скара. Мора да се промени токму ова. Не можеме да очекуваме дека некој друг ќе се бори, залага, протестира...мораме самите и сите заедно да се избориме за нашите права, кога веќе сме согледале дека се прекршени. Се разбира дека ова не може да се случи преку ноќ, но важно е да се започне од некаде. Нека овој ден, но и сите останати во годината, бидат посветени на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците, затоа што од нас треба да започне промената која во општеството сакаме да ја видиме.

Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал