ИНТЕРВЈУ ГЛИГОР ЦВЕТАНОВ: Со ризик, оптимизам и упорност до успешна приказна на Макпрогрес
Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2016 10:21
За еден успешен семеен бизнис и компанија како која веќе со години испишува успешна приказна за сите генерации во интревјуто раскажува извршниот директор на Макпрогрес доо Виница г-дин Глигор Цветанов.
ФАКТОР: Минатата година прославивте 25 години постоење на Макпрогрес. Што е тоа што ја движи компанијата напред?
Г-ДИН ЦВЕТАНОВ: Целосната посветеност на менаџментот и вработените кон развој, производство и дистрибуција на квалитетни прехрамбени производи ја води компанијата Макпрогрес напред. Во сите години наназад Макпрогрес континуирано се унапредува, инвестира и гради. Брендовите и производите кои ги развиваме се одговор на потребите и барањата на потрошувачите.
Во 25 годишното постоење Макпрогрес преку континуирани инвестиции и висока стапка на раст стана една од најголемите прехрамбени индустрии во Република Македонија и водечки извозник од прехрамбената индустрија веќе три години по ред. За да се биде успешен производител најбитно e да се има конкурентен производ. Ова подразбира инвестирање во новите технологии за производство, силен тим за истражување и развој, одлично менаџиран производен процес и висока продуктивност. Нашата политика е да се понуди квалитет за прифатлива цена и да се реагира брзо и соодветно спрема потребите на пазарот. Секако неопходно е и сертифицирање на производните процеси спрема ИСО, Хаццп, Халал, ИФС, Кошер стандардите кои ние ги имаме целосно имплементирано и цертифицирано.
ФАКТОР: Макпрогрес е извозно ориентирана компанија. Каде се во светот може да се најдат прозиводите на Макпрогрес?
Г-ДИН ЦВЕТАНОВ: Нашиот главен двигател и потенцијален генератор на раст и понатаму ќе биде извозот па веќе наголемо се спремаме да ги претставиме нашите стари и нови брендови и производи на претстојните светски саеми СИАЛ во Париз и ИСМ во Келн.
Производите Винчини може да се најдат на полиците во маркетите во повеќе од 50 држави ширум светот на 5 континенти, дури до Малдивите, Гренланд, Австралија и Северна Америка.
ФАКТОР: Од широката палета на производи, дали имате лично омилени?
Г-ДИН ЦВЕТАНОВ: Јас и моето семејство сме поврзани со Макпрогрес и производите секојдневно. Освен на работа каде често имам можност да пробам и производи кои не се во редовно производство но се во фаза на развој, во домот ги користиме повеќето од производите. Појадокот обично се состои од овесни снегулки или мусли со тропско овошје од Натура со јогурт, кога сакам лесен и здрав ручек зелена или црвена леќа од Сончева Долина.
Како член на тимот кој ги креира производите на Макпрогрес мене сите производи ми се драги. Често поминувам низ периоди кога имам некој производ кој ми е омилен. Моментално такви се новите Твингерс чајни колачиња и штрудлите од Винчини.
ФАКТОР: Макпрогрес е успешна приказна за еден семеен бизнис. Што ве мотивира Вас лично и од каде доаѓа најголемата поддршка?
Г-ДИН ЦВЕТАНОВ: Предизвикот да се успее кој беше многу голем. Со прифаќањето на ризикот, оптимизмот и многу упорност сите овие години успеавме да од година во година работата ја прошируваме, да воведуваме нови капацитети, побрзи и поголеми линии за производство. Дополнително ме мотивира благосостојбата на нашите вработени за кои освен своите редовни примања им обезбедуваме и екскурзии, тим билдинзи, разна забава и рекреација.
Најголемата подршка доаѓа од семејстовото а најмногу од мојот татко Александар со кој ги имаме поделено одговорностите но за многу нешта меѓусебно се консултираме и надополнуваме.
ФАКТОР: Макпрогрес е наградувана општествено одговорна компанија. На кој начин Макпрогрес придонесува за општествен развој и придобивки? Кои активности ги поддржавте неодамна?
Г-ДИН ЦВЕТАНОВ: Макпрогрес е проактивна општествено одговорна компанија која секојдневно поддржува и инвестира во многу проекти кои се во делот на севкупното живеење како спорт, култура, образование.
Во изминативе години Макпрогрес направи инвестиции во замената на погонското гориво кое го користи во производниот процес со преминување од екстра лесно масло на течен нафтен гас и со тоа драстично допринесе кон заштита на животната средина бидејки гасот е многу поеколошко гориво во однос на нафтата. Покрај ова направивме и низа мерки за подобрување на производството, намалување на празните одови, редуцирање на технолошки отпад и мерки за целосно рециклирање на амбалажите од хартија, метал и пластика.
Наградите кои на државно ниво ги имаме добиено ни се посебно драги и ја потврдуваат нашата заложба за општествена одговорност. Нашата стратегија таканаречена РРР односно Редуцирај, Рециклирај, Реупотребувај е долгогодишна континуирана програма која обезбедува Макпрогрес многу да го намали своето влијание врз животната средина.
Како најнов и мене драг проект е основањето на корпоративна компаниска библиотека која брои повеќе од 300 книги во сегментот на деловна литература, менаџмент, маркетинг, мотивациска и популарна психологија и слично. До оваа библиотека сите вработени имаат бесплатен пристап и во првите три месеци од нејзино основање согледувам дека е прав погодок.
ФАКТОР: Кој е следниот голем план на Макпрогрес?
Г-ДИН ЦВЕТАНОВ: Со инвестициите и неуморното работење поставуваме планови за раст и развој и во наредните години. Наша среднорочна цел е да станеме лидер во кондиторската индустрија во централна и југоисточна Европа и прв избор на потрошувачите.
За исполнување на таа цел во нашата лабораторија за истражување и развој континуирано има многу проекти кои се во тек. До крај на оваа година планираме лансирање на неколку нови иновации во категориите на кондиторски производи како и развој и лансирање на целосно нов бренд на производи кои ќе бидат уникатна помош за многу потрошувачи во Македонија и низ светот.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




