Пронајдени 20 изгорени тела во фабрика за литиумски батерии во Јужна Кореја

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2024 10:08
Околу 20 тела се пронајдени по пожарот што утринава избувна во јужнокорејска фабрика за батерии јужно од Сеул, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на противпожарни служби.
Во фабриката имало 67 луѓе.Телевизиските снимки покажуваат мали експлозии и искри во запалената фабрика. Причината за пожарот засега не е позната.
Фабриката е трикатна зграда од армиран бетон со вкупна површина од околу 2.300 метри квадратни. Пожарникарите тешко го гаснат пожарот бидејќи запалените литиумски батерии тешко се гаснат со конвенционални методи.
Се верува дека во фабриката имало најмалку 35.000 батерии. Јужнокорејската влада свика итен состанок на штабот за вонредни состојби поради пожарот во фабриката.
Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол и нареди на полицијата да вложи максимални напори во операциите за пребарување и спасување по пожарот во фабриката.
Можеби ќе ве интересира
КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ „УДРИЈА“ ПО БАНАНИТЕ: Страдаат плантажите во Јужна Америка

ХАМАС ОСЛОБОДИ АМЕРИКАНСКИ ЗАЛОЖНИК: За Трамп ова е одлична вест

ЛИСТА НА СРЕЌНИ ГРАДОВИ: Европска престолнина е на врвот

ЗЕЛЕНСКИ ОДИ ВО ИСТАНБУЛ: Идејата да дојде и Трамп ја оцени како одлична

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СО ХИМАРС ПОГОДИЈА ХОТЕЛ ВО КУРСК: Русија возврати на ударот

(ВИДЕО) РУСИТЕ ГО НАПАДНАА МАКРОН: Во возот имаше кокаин или марамче?

СЕ ЧЕКА ПРЕСУДА ЗА АФЕРАТА ФАЈЗЕРГЕЈТ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК: Судот на ЕУ за тајните пораки за набавка на вакцините против ковид

ЧЕТВРТОК – ГОЛЕМ ДЕН ЗА РУСИЈА И УКРАИНА, СВЕТОТ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ! Путин и Зеленски лично ќе се сретнат во Истанбул, ќе стават ли крај војната?

„ПАПАТА ЛАВ XIV Е АНТИ-ТРАМП И МАРКСИСТ, А НЕГОВИОТ БРАТ Е АНТИДЕМОКРАТ: Тој е во центарот на голем скандал
