„СЕ РАБОТИ ЗА 7 ПЕТАРДИ И 15 КУТИИ СО РАКЕТИ ЗА ОГНОМЕТ“: ОЈО за Дрин Ахмети бара прекршочна „одземениот материјал не е големо количество“
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2024
Јавното обвинителство до МВР и СВР Скопје издало наредба за поведување на прекршочка постапка против Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако тој беше фатен со голема количина на пиротехнички производи.
Денеска во медиумите се појавија информации дека обвинителството се откажало од негово гонење за недозволениот превоз на пиротехник, поради што реагираат од ОЈО.
- Не е точно дека Јавното обвинителство се повлекло од гонење. Напротив, по целосно спроведена предистражна постапка и наредено вештачење, обвинителството ги обезбедените докази кои утврдуваат прекршочна одговорност на лицето и издаде Наредба до МВР – Биро за јавна безбедност – СВР Скопје со која побара поведување на прекршочна постапка против пријавениот согласно одредбите од Законот за заштита од експлозивни материи - посочуваат од обвинителство.
Појаснуваат дека во однос на кривична одговорност, вешто лице изврши увид и анализа на запленетите пиротехнички средства и детално констатираше поединечно за каков вид на пиротехнички производи станува збор.
- Согласно извршеното вештачење, во конкретниот случај се работи за 7 петарди и 15 кутии со ракети за огномет, чии испалувања биле евидентирани поединечно, но во суштина се поврзани и претставуваат една целина. За набавката на огнометот пријавениот поседувал фактура од правно лице чија што дејност е продажба на пиротехнички средства, а за изведба на огнометот било ангажирано друго правно лице - се нагласува во соопштението.
Согласно извештајот, појаснуваат од обвинителството, предметниот пиротехнички материјал кој бил пронајден и одземен не е од поголемо количество кое може да иницира кривичен прогон и евентуална кривична одговорност, а во прилог на тоа говори и фактот што Министерството за внатрешни работи како надлежен орган за настанот достави известување, а не кривична пријава до обвинителството.
- Сепак, јавниот обвинител, постапувајќи и испитувајќи ги сите околности, утврди дека лицето не поседувало одобрение за превезување на пиротехничките средства како што налага Законот, нешто што претставува прекршок за кој Законот за заштита од експлозивни материи има посебни прекршочни одредби во чл.69 и за кои е предвидено да се води прекршочна постапка од страна на комисија во Министерството за внатрешни работи - се додава во нивното соопштение.
Што се однесува пак до другата постапка против Ахмети од ОЈО посочуваат дека е во тек и дека се води во обвинителството за гонење на организирана криминал и корупција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.