ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА БЕЗ КРЕДИТИ ЦЕЛИ 25 ГОДИНИ, ИНВЕСТИРА ОД СОПСТВЕНИ ИЗВОРИ: Сашко Самарџиоски за успехот на компанијата во “Бизнис муабети“ на Фактор
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2024
Прилепска пиварница ја годинава што изминува ја прослави својата прва „стотка“, а Сашко Самарџиоски, првиот човек на компанијата, во „Бизнис муабети“ на Фактор открива детали за успехот кој трае еден век. Во разговорот, тој, истакнува дека ова е последниот медиумски разговор за оваа година, бидејќи од следната, како што вели на шега, започнуваат подготовките за 200-годишниот јубилеј.
„Секоја наша инвестиција е од сопствени средства. Последен кредит земавме пред повеќе од 25 години. Во 2013 година, инвестиравме 7 милиони евра во линија за стаклена амбалажа – и тоа целосно од сопствени извори,“ нагласува Самарџиоски.
Со 270 вработени, оваа компанија не само што обезбедува стабилност, туку и бележи импресивни резултати. Безалкохолниот пијалок Газоза, добро познатиот бренд, се извезува во Австрија веќе 20 години, а пивото на Прилепска пиварница сè почесто се пие на автрсалискиот континет.,
Овој разговор, полн со интересни детали за историјата, предизвиците и иднината на Прилепска пиварница, можете целосно да го проследите во денешниот поткаст „Бизнис муабети“ на Фактор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.