15 Јануари, 2025
0.0420

Избрани архитектите, Скопје конечно ќе добие нов Луна парк!

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Се избраа архитектите кои конкурираа за избор на идејно решение за новиот Луна парк во главниот град.

Првата награда од 200 000 денари отиде во рацете на Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев, додека втората награда во висина од 100.000 денари ја добија Бојан Муличковски, Кели Романалди, Горан Милевски, Душко Кузманов, Драгана Матова и Марко Ицев.

Новиот луна парк влегува во нова фаза. Следно е да се изготви основен проект и целокупната преостаната документација, и да се финализираат деталите, површината на која ќе се простира, содржините и буџетот на целиот проект.

Кокурсот за избор на идејно решение градските власти го распишаа во декември минатата година, а истиот траеше до 23 февруари годинава.

Досега пропаднаа три тендери за новиот Луна парк

Речиси три години Градот Скопје се обидува да најде приватен инвеститор за изградба на долгонајавуваниот нов Луна парк и стопанисување со паркот. Досега пропаднаа повеќе  тендери, бидејќи немаше заинтересирана компанија. Се менуваа и условите, но безуспшено. Последниот обид беше летово кога Градот Скопје дури и ја поништи постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, дизајнирање, изградба, работа и одржување на забавен парк, а како причина беше посочено тоа што ниту еден од заинтересираните инвеститори што подигнале тендерски документации, не доставиле понуди.

-Комисијата, по спроведувањето на постапката до Градоначалникот поднесе предлог за поништување на истата, со образложение дека на огласот за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, дизајнирање, изградба, работа и одржување на забавен парк во Скопје, ниту еден од економските оператори што подигнале тендерска документација не доставил понуда. Имајќи го во предвид сето наведено, се предлага Советот да ја донесе Одлуката за поништување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, дизајнирање, изградба, работа и одржување на забавен парк во Скопје,образложија од Градот  кон крајот на јуни минатата година на една од седниците на градскиот Совет.

Според критериумите предвидени во досегашните јавни огласи, приватниот партнер требаше да изгради модерен и забавен Луна-парк што ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков тип објекти. Инвеститорот би го добил забавниот парк под концесија во траење од 35 години.

Првично инвестицијата беше проценета на 12 милиони евра, а потоа на 7 милиони евра. Планирано е новиот забавен парк да биде сместен на локацијата на сегашниот Луна Парк, на површина од 26.563 м2, со можност површината на локацијата на постоечкиот забавен парк да се зголеми и до 40.000 м2. Според досегашните планови на оваа површина требаше да има влез со соодветни придружни објекти, административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалоци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг простор, соодветна техничка инфраструктура, тематизација на паркот.Според проценките на градските власти, изградбата на новиот Луна парк годишната посетеност би била 200 илјади посетители , од што би се генерирале зголемени приходи. Новиот Луна Парк и скијачката патека на Водно, беа дел од проектите во програмата на скопскиот градоначалник Коце Трајановски на последните локални избори.

Над 430 илјади евра во градската каса за 2015 година се предвидени за нов Луна парк

Во годинешниот Буџет на Градот Скопје беа предвидени 81.300 евра за изградба на приклучоци и трафостаници за Луна Парк.Во Буџетот за годинава се планирани 430.894 евра за изградба на новиот Луна парк. Опозициските советници на една од седниците на градскиот Совет побараа парите наменети за изградба на Панорамското тркало  во вредност од  15,5 милиони евра да се пренаменат за изградба на новиот Забавен парк. Советниците од опозицијата тогаш изјавија дека компаниите не се пријавуваат на тендерот затоа што сметаат дека нема да им се исплати инвестицијата, особено затоа што и во самиот проект е наведено дека паркот во моментот работи на границата на рентабилност. Но, градоначаникот Коце Трајановски, тогаш изјави дека нема да има потреба да се избира, бидејќи Градот е подготвен од сопствен буџет да ја финансира обновата на Луна паркот, но и дека ќе побара финансиска помош и од Владата. Трајановски најави дека паркот ќе се гради етапно, година по година. Дали конечно скопјани ќе добијат модерен Луна парк?

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира