Изгореа „Ауди“ и „матиз“
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2015
„Ауди“ и „матиз“ денеска се запалија во Центар, на паркиралиштето меѓу зградите на улицата Ленинова.
Како што раскажуваат очевидци најпрво се запалило „Аудито“ а потоа пожарот се префрлил и на „матизот“.
Се претпоставува дека на едниот автомобил му експлодирала плинската боца од преголема горештина, а другото возило било зафатено од пламенот.
Се очекува утврдување на причините од страна на полициските екипи .
Се препорачува на овие горештини да не се оставаат запаливи предмети во кола, како запалки, дезодоранси и слично што може да предизвика незгода.