16 Декември, 2025
0.0370

Извршниот директор на Интел даде преглед на иднината на компјутерите

Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2015 09:35

Добивај вести на Viber

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПОТРОШУВАЧКА ЕЛЕКТРОНИКА, Лас Вегас, 6-ти јануари, 2015 – Интел корпорацијата денес објави бројни технолошки достигнувања и иницијативи насочени кон забрзување на компјутингот во наредната димензија. Објавите ги вклучуваат Intel® Curie™ модулот, хардверски продукт со големина на копче за „wearable“ решенија; нови апликации за Intel® RealSense™ камера роботи, летечки мултикоптер дронови и извонредни 3-D искуства; како и нов диверзитет во технолошката иницијатива, што вклучува инвестиција вредна 300 милиони долари за да се охрабри разновидноста кај Интел и во индустријата. „Подемот на новите лични компјутерски искуства, интелигентни и поврзани уреди, како и „ wearable“ револуцијата ги редефинираат односите помеѓу потрошувачите и технологијата,“ изјави Брајан Крзанич, извршен директор на Интел. „Нашата цел со Интел технологијата е да се помогне во решавањето на вистинските проблеми и да им овозможи искуства кои се навистина посакувани од страна на луѓето и бизнисите. Со цел да го направиме ова, ние мораме да сториме повеќе за да го водиме развојот на разновидност и инклузија во технолошката индустрија. Жените и недоволно застапените малцинства ќе продолжат да играат поголема улога како потрошувачи, креатори и лидери“. Крзанич даде изјави за време на главното обраќање на 2015 International Consumer Electronics Show. Тој, исто така, обелодени уред погоден за носење (wearable) од соработката со Oakley*, водечки бренд за продукт дизајн и спортски очила, 3-D соработка со HP*, истакнувајќи ја True Key™, нова платформска апликација од Intel Security што користи лични фактори како лице, уред или отпечаток од прст за полесно и побезбедно логирање. „Wearable“ револуцијата Растежот на технологијата погодна за носење создава ново поле за иновации. Крзанич откри планови за „Intel Curie“ модулот, мал хардверски продукт базиран врз првиот систем на чип (SoC) за „wearable“ уреди. Модулот е предвидено да се испорачува во втората половина од оваа година и го вклучува Intel® Quark™ SE систем на чип, Bluetooth радио со мала потрошувачка, сензори и полнење на батеријата. Интел активно го следи сегментот на „ wearable“ технологија, и откога Крзанич претстави неколку проекти овде минатата година, компанијата најави повеќе продукти и иницијативи со различни модни, фитнес и лајфстајл брендови. Во овие соработки се вклучуваат: Basis Peak*, Fossil Group*, Luxottica Group*, MICA и Opening Ceremony*, SMS Audio* и Интел “Make it Wearable” предизвикот. Градејќи врз досегашната работа, Intel и Oakley објавија стратешка соработка за „wearables“. Oakley е првиот бренд од Luxottica Group што соработува со Интел за да креира премиум, луксузни и спорстки очила со „smart“ технологија. На Крзанич на сцената му се придружи Колин Бејден (Colin Baden), главен извршен директор на Oakley, изјавувајќи дека компаниите работат заедно на интелигентен продукт, достапен покасно оваа година, дизајниран за да ги подобри перформансите на спортистите. Крзанич ја истакна и Nixie*, победникот на “Make it Wearable” предизвикот за 2014 и првата „wearable“ камера што може да лета. Nixie лежи на Вашиот зглоб како алка, потоа се отвора и полетува за овековечување на перфектна фотографија од Вас во моментот. Крзанич ги пречека основачите на Nixie, Кристоф Кохстал (Christoph Kohstall) и Јелена Јованович (Jelena Jovanovic) на сцената за да дискутираат за “Make it Wearable” предизвикот и ја нагласија можноста што ја нуди на иноваторите и претприемачите. Крзанич и основачите позираа и за првата летечка фотографија со Nixie. Крзанич потоа додаде дека Интел повторно ќе го спонзорира “Make it Wearable” предизвикот подоцна во оваа година Забрзување на разновидноста кај технологијата Крзанич, прифаќајки ги неодамнешните настани поврзани со жените и недоволно застапените малцинства, ја објави иницијативата за разновидност кај технологијата. За поддршка на оваа иницијатива, Интел постави смела цел за задржување и нови вработувања за да постигне целосна застапеност на жените и недоволно застапените малцинства кај Интел до 2020 година. Целосна застапеност значи дека работната сила на Интел од С.А.Д ќе биде претставник на талентите што се на располагање во Америка, вклучувајќи рамноправна застапеност и кај високите лидерски позиции. Интел исто така планира да инвестира 300 милиони долари за да помогне во градењето на мрежа на женски и недоволно застапени инжинери и компјутерски научници; активно да го поддржат вработувањето и да задржат повеќе жени и недоволно застапени малцинства; финансирање на програми за поддршка на позитивна застапеност во технологијата и гејминг индустријата. „Ја повикуваме нашата индустрија за повторно да го направи навидум невозможното – можно преку посветеност кон вистински промени и јасност во нашите цели“, рече Крзанич. „Без работна сила која од блиску ќе го отсликува населението, пропуштаме можности, вклучувајќи неразбирање и дизајнирање за нашите потрошувачи.“ Интел планира да соработува со неколку партнери од индустријата за да се поддржат, подобрат и креираат нови платформи за оваа иницијатива, вклучувајќи ја International Game Developers асоцијацијата, E-Sports League*, National Center for Women in Technology*, CyberSmile Foundation*, Feminist Frequency* и Rainbow PUSH*. Компанијата дополнително планира да ја продлабочи својата ангажираност за програми фокусирани на основно образование во неразвиени области и ќе ги прошири своите соработки со програми за компјутерска наука и инжинерство во високообразовните институции, вклучувајќи ги оние што ги опслужуваат малцинствата. Компјутерите „ослободени“ До сега, компјутерите во голема мера се дефинирани од страна на човечката интеракција со екран, тастатура и глувче. Крзанич истакна неколку нови технологии и апликации што ќе го внесат компјутингот во 3-D светот и ќе го ослободат од кабли и лозинки. True Key апликацијата користи персонални фактори како лице, уред или отпечаток од прст за полесно и побезбедно логирање. True Key  е поддржан од iOS*, Android*, Windows*, Mac* и Вашите омилени прелистувачи. Ќе биде преинсталиран на уреди од HP* и Lenovo* и дел од McAfee LiveSafe во наредните месеци. Посетете ја www.truekey.com за пристап кон ограничените изданија на True Key. Крзанич исто така ги истакна новите соработки за безжично полнење, вклучувајќи ги Hilton*, Jaguar Land Rover*, San Francisco International Airport* и Marriott*. Овие соработници планираат пилоти за безжично полнење, развој и пуштање во употреба низ портфолиото на брендови на Marriott, вклучувајќи JW Marriott*, Marriott, Renaissance*, Courtyard* и Residence Inn*. Извршниот директор на Интел кажа дека Intel RealSense камерите, како и извонредни нови апликации можат да се најдат кај се поголем број на 2 во 1 уреди, таблети, лаптопи, многу од нив напојувани од 5-тата генерација на Intel® Core™ процесори достапни од оваа четвртина. Додатни коментари за новите иновации овозможени од Intel RealSense технологијата и камерите се достапни овде. Како што напредуваат компјутерите напред во третата димензија, Крзанич го пречека Дион Вајслер (Dion Weisler), извршен директор на одделот на HP за принтери и персонални системи. Вајсчер дискутираше за тоа како HP работи на создавање на екосистем на виртуелна реалност и објави дека Intel® Core™ i7 процесорот ќе ја напојува технологијата HP Multi Jet Fusion, создадена за ги реши критичните точки кај брзината, квалитетот и цената. Вајслер кажа дека додатните перформанси и нивото на технологија што го поседува Интел се клучни за постигнување на целосниот потенцијал на 3-D печатењето. Интелигенција насекаде Крзанич истакна дека голем број на области со порастот на поврзаната компјутерска интелигенција помагаат во преобликувањето на многу аспекти од секојдневниот живот на луѓето. Тој покажа практични примери од реалниот свет за роботи и мултикоптер беспилотни летала и рече дека Intel RealSense камерите можат да обезбедат интуитивни способности за избегнување на судари и решавање на комплексни проблеми. На пример, Ascending Technologies* цели кон користење на Intel RealSense камери за да се развиваат интелигентни и безбедни мултикоптер беспилотни летала и iRobot* соработува со Интел за да се истражува оваа технологија за интелигентни роботски платформи. За Интел Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com и за напорите на Интел за “Conflict-free” на http://conflictfree.intel.com. Intel, Intel логото, Intel Core, Quark, Curie, Intel RealSense и Quark се трговски знаци на Intel Corporation во С.А.Д и други држави. *Други имиња и брендови можат да бидат во туѓа сопственост. 1 Intel® Curie™ модулот сеуште не е авторизиран во согласност со правилата на федералната комисија за комуникации (Federal Communications Commission). Овие уреди не се и не можат да бидат понудени на продажба и слично се додека не се добие авторизација. © Intel Corporation. Сите права се задржани. Bluetooth е трговска марка на својот сопственик и е користена од Intel Corporation под лиценца. Windows е трговска или регистрирана трговска марка Microsoft Corporation во С.А.Д и други држави.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив