Јанаки Митровски по одредениот притвор за Алабаковски:; Му се заканува казна од половина до четири години затвор
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2022 08:55
Јанаки Митровски, адвокатот кој се понуди бесплатно да го брани Ламбе Алабаковски, по одредувањето на притвор за пејачот за палење на вратата на клубот „Иван Михајлов“ во Битола, и денеска даде свој коментар во емисијата „Здраво Македонијо“ на Канал 5.
Според адвокатот, на Алабаковски, за делото кое е пријавен од полицијата, му следуваат од половина до четири години казна затвор, но според Митровски, најреално е обвинение за нарушување на јавен ред и мир.
„Шест месеци до 5 години му е запретената казна. Против јавен ред и мир секогаш е парична казна и во граѓанска постапка ќе треба да ја надомести штетата за запалената врата. Ако го признае делото, наредната недела ќе заврши процесот, но околу две недели или еден месец ќе трае доколку се негира делото.“, рече тој.
Според Митровски, вакви случаи имало и во Бугарија, но одтаму немало реакција.
„Сквернавен беше гробот на Јане Сандански, имаше напади и на ОМО Илинден во Благоевград, па немало реакции“, тврди Миторвски.
За него, протестот што го организира Левица пред полициската станица во Битола во 18.00 часот е популистички, и дека треба да се организира искажување незадоволство пред притворот или пред бугарската амбасада.
Митровски демантираше дека за кршењето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов немало судење.
„Имаше еден домашен притвор и луѓе се уште се влечат по судови“, додаде адвокатот.
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




