ЈАПОНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 16 ГОДИНИ: Пазарната вредност на новиот гигант е близу 54 милиони долари
Објавено во: Економија 24 Декември, 2024
Акциите на јапонскиот производител на автомобили Хонда остварија најдобар резултат во последните 16 години, откако компанијата вчера и официјално ги објави плановите за откуп на сопствени акции во вредност до 1,1 трилиони јени (7 милијарди долари) во услови на преговори за спојување со Нисан.
Нисан и Хонда потврдија дека започнале официјални разговори за спојување што би можело да ги позиционира како трет по големина производител на автомобили во светот според
Исто така, Honda објави дека планира да откупи 24 отсто од издадените акции до 23 декември следната година. Акциите на Хонда забележаа раст од 15,51 отсто, што, доколку се одржи, ќе биде нивниот најдобар резултат од октомври 2008 година. Во исто време вредноста на акциите на Nissan падна за повеќе од еден процент.
Договорот меѓу Honda и Nissan ќе се фокусира на споделување знаење и ресурси, постигнување обемна економија и создавање синергии, рече извршниот директор на Honda, Тошихиро Мибе.
Honda и Nissan ќе основаат холдинг компанија која ќе служи како матична организација за двете компании и ќе котираат на берзата во Токио.
„Овие две компании работат на ист пазар, имаат многу сличен имиџ на брендови и многу слични производи. Новото раководство се соочува со голем предизвик за диференцирање на палетата на производи и проширување на бизнисот“, изјави за CNBC Хакан Догу, претседател на Alagan Mobility Solutions, компанија специјализирана за одржливи и иновативни решенија во областа на мобилноста.
Тука е и стратешкиот партнер на Nissan, Mitsubishi, кој доби можност да се приклучи на новата групација, а се очекува да донесе одлука за ова до крајот на јануари 2025 година.
Инаку, Honda објави оперативен профит од 1,382 билиони јени (околу 9,4 милијарди долари) за фискалната година до март 2024 година, во споредба со 568,7 милијарди јени (околу 3,9 милијарди долари) на Nissan.
Комбинираната пазарна вредност на двете компании би била речиси 54 милијарди долари, а Honda го сочинува најголемиот дел со пазарна капитализација од 43 милијарди долари.
Аналитичарите сугерираат дека потенцијалното спојување произлегува од финансиските тешкотии на Nissan и преструктуирањето на неговото долгогодишно партнерство со францускиот Renault.
Инаку, во последниот квартален извештај, Nissan ги објави плановите за укинување на девет илјади работни места и намалување на глобалниот производствен капацитет за 20 проценти.
фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON