15 Јануари, 2025
0.0305

ЈАВЕН ПОВИК: Таксисти добијте сертификат за такси возач

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Доколку сте таксист и немате сертификат за  такси возач, можете да го добиете преку град Скопје од каде распишаа јавен повик за добивање на нови сертификати за авто такси возачите.

Она што треба најпрво да го направите за да добиете сертификат е да завршите обука за авто такси возач со што ќе добиете потврда за завршена обука од правни лица за вршење обука овластени од Градоначалникот на Град Скопје.

Трошоците се на ваш товар, а право на учество имаат сите физички лица кои исполнуваат условите за да поседуваат Потврда за завршена обука издадена од правно лице овластено од Градоначалникот на Град Скопје, за кое е издадено и Решение за давање согласност за трошковник од Градоначалникот на Град Скопје и да поседуваат возачка дозвола (Б категорија).

Деталите за овој повик , начинот и рокот за пријавување погледнете ги на овој линк.

Измените во Законот за превоз во патниот сообраќај, дека автотакси превозниците  ќе мора да поседуваат сертификат дека се подготвени за такси превоз пред да добијат лиценца за оваа дејност се донесоа годинава.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/06/02/povikuvaneto-taksi-e-polesno-od-bilo-koga/" target="blank" ]Повикувањето такси е полесно од било кога![/button]

Постапката за обезбедување на серитфикатот е иста како онаа што во моментов ја спроведува Министеството за транспорт и врски за добивање сертификат за управител и за возач во меѓународниот патен сообраќај, појасни тогашниот министер Миле Јанакиески.

„Возачот на такси возило најпрво треба да посетува обука во овластена институција, односно компанија, па со потврдата за завршена обука ќе поднесе пријава за испит и врз основа на уверението за положен испит ќе може да поднесе барање за добивање на сертификат за авто-такси возач“, рече поранешниот министерот.

Кандидатите кои што ја завршија обуката и го положија испитот во јануари ги добија првите Сертификати за авто-такси возачи во Град Скопје.

Градот Скопје по објавување на Јавниот повик при продолжување или изготвување на нови лиценци за авто-такси превоз како услов за истите ќе го бара и Сертификатот за авто-такси возачи и без него нема да издава лиценци за вршење на оваа дејност.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира