Јитка Пантучкова: Спорот со името го отежнува пристапот до меѓународните финансиски институции
Објавено во: Економија 08 Април, 2013 19:38
Претседателката на Управниот одбор на Охридска банка - Сосиете Женерал, Јитка Пантучкова смета дека Македонија се справува добро со економската криза, иако се бори со отежнатиот пристап до меѓународните институции, јави дописникот на МИА од Прага.
„Причината е досега нерешениот спор за името на земјата, бидејќи северната провинција на Грција го носи името Централна Македонија и за Грците е неприфатливо соседна земји да има речиси исто име - Република Македонија. Затоа, мора Македонија официјално да го користи името ФИРОМ - Поранешна Југословенска Република Македонија, објаснува Пантучкова во интервју за економскиот весник Е-15, дел од изданието на „Млада Фронта Днес“.
За Пантучкова, причината за малиот раст на економијата и стагнирањето на индустриското производство е во фактот што главниот партнер на земјата се земјите на ЕУ, особено Германија. Анализирајќи ја стабилната македонска валута, првиот човек на УО на Охридска банка, објаснува дека обременетоста на земјата со странски задолжувања е релативно ниска, односно околу 30 проценти од Бруто домашниот производ (БДП).
„Динамички се развиваат кредитите на населението и дел од нив започнаа помасовно да се нудат од неодамна. Ова се однесува за хипотеките, или катастарските недвижности кои функционираат од скоро“, рече Пантучкова, која објаснува дека Македнците во последните пет години повеќе се заинтересирале за потрошувачките кредити.На прашањето колку грчката криза влијае на Македонија таа смета дека грчките компании кои се присутни во македонската индустрија и во банкарството се поуспешни отколку во својата земја.Исто така, смета таа неопходно да се подобри патниот и железничкиот сообраќај на Македонија со нејзините соседи - Грција, Албанија и Бугарија.
Таа додава дека Македонците немаат навика постојано да се заблагодаруваат како Чесите и немаат навика да ги слушаат надредените. Сепак, таа е задоволна со своите резултати кои ги остварила од доаѓањето во Охридска банка, пренесува МИА.
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




