01 Ноември, 2024
0.0292

Јован Радосављевиќ – нов генерален директор на Пивара Скопје

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Од денеска, 1-ви март 2016-та функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Јован Радосављевиќ. Тој на оваа функција доаѓа по Александар Ружевиќ, кој е унапреден на позицијата генерален директор на Coca-Cola HBC за Србија и Црна Гора.

FOTO_Jovan Radosavljevic_Pivara Skopje„Ќе настојувам Пивара Скопје да го продолжи трендот на раст, фокусирајќи се на градењето доверба со купувачите, зголемувајќи ја љубовта на потрошувачите кон нашите брендови и обезбедувајќи натамошен одржлив развој и вложувања во заедницата“, истакна Јован Радосављевиќ, во својата прва изјава по стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.

Тој на оваа позиција доаѓа од местото комерцијален директор на Coca-Cola HBC во Романија, каде во изминатите три години, благодарение на неговото стратешко лидерство  и конзистентен пристап во претворање на пазарните можности во позитивни резултати, компанијата оствари двоцифрен раст на продажба на Coca-Cola портфолиото и освои пазарен удел. Успехот на Радосављевиќ и неговиот тим на пазарот во Романија се должи меѓудругото и на развојот на многу силен и способен комерцијален тим, што резултираше со натамошно јакнење на мотивацијата на вработените и целосна ориентација кон потребите на пазарот, што во крајна линија го поттикна задоволството од квалитетот на услугата и довербата.

Веднаш по дипломирањето на Економскиот факултет во Белград во 1998 година, Јован Радосављевиќ ја започнал својата кариера во Coca-Cola HBC во Србија, каде за 14 години ги поминал сите скалила на професионален развој во комерцијалниот сектор на компанијата. Како главен менаџер за продажба за Србија и Црна Гора, тој покажа силно лидерство, благодарение на што компанијата достигна исклучителни продажни резултати и континуитет во пазарните успеси.

Ваквите одлични резултати во досегашната кариера на Радосављевиќ, остварени во интернационалната средина на Coca-Cola HBC, во комбинација со искуството и автентичниот стил на управување со комплексни тимови, се дополнителна гаранција дека, под негово раководство, Пивара Скопје ќе продолжи со развојните планови и ќе ја задржи позиција на општествено одговорен ентитет.

Можеби ќе ве интересира

ЕБИТДА во првите девет месеци од 2024 година достигна 336 милиони денари при пад на цените на нафтата и зголемени трошоци

ЕБИТДА во првите девет месеци од 2024 година достигна 336 милиони денари при пад на цените на нафтата и зголемени трошоци

Шпаркасе Банка едуцираше повеќе од 4 000 деца за важноста на штедењето во текот на октомври

Шпаркасе Банка едуцираше повеќе од 4 000 деца за важноста на штедењето во текот на октомври

Трилер-вечер со „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Трилер-вечер со „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

АТЛЕТИТЕ ОД СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО 3 ОСВОЕНИ МЕДАЛИ НА ЕВРОПСКАТА ПЛИВАЧКА СРЕДБА НА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА ВО МОНАКО, ПОДДРЖАНА ОД ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН

АТЛЕТИТЕ ОД СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО 3 ОСВОЕНИ МЕДАЛИ НА ЕВРОПСКАТА ПЛИВАЧКА СРЕДБА НА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА ВО МОНАКО, ПОДДРЖАНА ОД ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН

„Флекс кредит“ на престижната регионална конференција „Microbalkans 2024“ во Сараево

„Флекс кредит“ на престижната регионална конференција „Microbalkans 2024“ во Сараево

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Економски потенцијал и развојни можности на Македонија“

Конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Економски потенцијал и развојни можности на Македонија“

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата