Какво време не чека на први мај?
Објавено во: Македонија 29 Април, 2015
Сите со нетрпение го чекаме продолжениот прв викенд од мај кој ни чука на врата.
Денес е средба. Дожделив тмурен ден. Веројатно се прашувате до кога ќе се задржи ваквото време и како ќе биде на први мај? Дали ќе може да заминете на пикниг со вашите пријатели. Не разочарувајте се. Имаме добри вести.
Првиот од трите продолжени викенди во мај, во петок на први мај ќе го дочекаме со релативно пријатно и сончево време. Рано наутро ќе биде свежо, а очекуваната минимална температура ќе биде околу 8°С. Денот ќе биде умерено топол. Максималната температура низ земјава ќе има вредност од 19°С до 22°С во поголем дел од котлините, додека вардарското подрачје ќе биде потопло, од 23°С до 25°С. Ветерот ќе биде претежно слаб.
Сабота ќе биде пооблачна во однос на петок. Претпладне ќе има помала облачност во однос на попладнето и вечерта. Сепак облачноста во сабота попладне и вечер нема да има голем потенцијал за врнежи. Услови за повремен и слаб дожд ќе има само локално во северната и западната половина од земјата. Максималната температура ќе биде пониска во однос на петок за околу 1 до 2 степени, пишува метеопро.
Недела ќе биде најтопла од трите дена од продолжениот викенд. Максималната температура ќе достигне вредности од 21°С до 23°С низ котлините, односно од 24°С до 27°С долж повардарскиот крај. Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, но без изгледи за дожд.
Уживајте во празничниот викенд!