19 Декември, 2025
0.1033

Кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ колку што е важна за возрасните, толку е важна и за оние по нив

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2022 15:46

Добивај вести на Viber

Сакаме да ги чуеме и искористиме вашите животни искуства и да ги пренесеме на помладите – истакна на денешната средба со пензионерите во општина Центар, генералниот директор на Халкбанк, Билал Суџубаши

- Секој ваш збор е нешто што сте преживеале, ваше искуство и не постои цена што тоа ќе го плати, подвлече Билал Суџубаши, генерален и извршен директор на Халкбанк АД Скопје на денешната средба со пензионерите од општина Центар. Тој пред повозрасните сограѓани ја претстави кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ чија цел е поддршка на старите лица, но и подигнување на јавната свест за нивното место и значење во општеството:

-Како банка за нас сметаат дека сме свртени кон управување со парите, но не е така, напротив, ние сме свртени кон луѓето, за нас вие сте важни. Сакаме да ги чуеме и искористиме вашите животни искуства и да ги пренесеме на помладите. Оваа кампања колку е важна за вас, толку е важна и за сите по вас на кои им ги оставате вашите зборови. Тоа е непроценливо – истакна Суџубаши.

Халкбанк како општествено-одговорна компанија, работи платформи за екологија, за поддршка и правилен развој на децата, а сега се  посветува и на повозрасните. Во изборот на слоганот внесени  се многу лични искуства од брзото секојдневие во кое често нема доволно време да ги видиме и чуеме дури и најблиските повозрасни околу нас:

-„Да ги слушнеме и гушнеме“ е почит кон повозрасните, но и потсетување дека од нив можеме да научиме многу работи. Во моменот, низ повеќе градови пензионерите од здруженијата и домовите за стари лица пишуваат картички со совети за помладите, а децата цртаат цртежи или пишуваат творби за повозрасните. Планираме забави со доза на носталгија, кино-проекции, работилници и предавања за сите генерации. Кампањата  е предвидено да трае до март следната година, но од нашето досегашно искуство, знам дека ќе направиме сè таа да продолжи и понатаму – истакна Маја Наумовска Савоска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во банката.

Поздравувајќи ја целата иницијатива, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, го искажа и задоволството што токму општината е мост за соработка и поврзување на генерациите:

-Халкбанк е наш долгогодишен поддржувач и пријател во многу проекти. Таков беше и неодамнешниот „Среќно прваче“ со кој ја започнавме учебната година. Веруваме дека соработката ќе продолжи и во делот на поддршка на нашите повозрасни сограѓани.

Со идеи за понатамошен развој на проектот несебично се вклучија и домаќините од Здружението на пензионери:

-Среќни сме што можеме да учествуваме во кампањата, да испратиме совети. Би сакале да се вклучиме и во креативниот дел. Нашиот хор има огромно искуство во многу домашни и меѓународни настапи, а на гостувањата низ домовите за стари лица, нашите врсници секогаш со весела насмевка ни се придружуваат во песната. Меѓу нас има и многу творци, писатели и поети  – рече нивниот претсетадетел, Златко Стефановски.

Некогашни наставници, професори, банкари, лекари, сочинуваат една голема група активна во многу сфери, љубопитна за нови нешта, па и за волонтирање. Тие се децидни дека професијата не завршува со пензионирањето. Во нас е искуството, знаењето, но и храброста. Ова не е Трето доба, ова е наше доба - порачаа нашите повозрасни сограѓани.

На средбата беа напишани и испратени многу совети кои ќе останат зачувани и архивирани на картичките #чуваринамудроста. Следната фаза од кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ е пуштањето на истоимената веб-страница, која освен информации ќе биде и архива на сите активности. 


Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство