ЌЕ ИЗГОРИМЕ: Неделава пред нас ќе биде најтопла годинава!
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2015
Како Балканот, така и Македонија ќе биде на удар на тропски горештини па на граѓаните им се препорачува посебно внимание пред се на оние повозрасните кои живеат во центарот на градовите каде температурата секогаш е за неколку степени повисока во однос на официјалните.
Неделава која е пред нас, според очекувањата на метеоролозите се очекува да биде најтопла недела годинава, а понеделник - денес еден од најтоплиот ден во 2015та. Температурите ќе надминуваат над 40 степени.
Температура долж повардариеТО ќе достигне вредности околу 39°С во северниот дел, и околу 40°С во јужниот.
Вторник ќе има за нијанса пониска темперетура, но повротно во најголем дел во границите од 35°С до 38°С во повардарскиот крај, околу 34°С во пелагониската котлина, а во охридско-преспанскиот крај, како и на повисоките места во источниот регион, максималната ќе достигнува вредности околу 32°С, информираат од Метеопро.
Слична вредност на температурата се очекува се до крајот на работната недела.
Овој период ќе биде сушен низ земјава. Минимална веројатност за дожд ќе има во планинскиот регион на крајниот запад, и тоа повеќе во втората половина од неделата.
Се препорачува да не се излегува од 11 до 17 часот кога температурите се највисоки и да се конзумираат повеќе течности и овошје.
Иста е состојбата и ширум Балканот.
Во Црна Гора на улиците во Подгорица, биле измерени 54 степени и покрај краткотрајниот дожд кој ги разладил ноќта помеѓу саботата и неделата.
И во Босна и во Хрватска има црвен аларм , каде исто така се очекува температурен шок и температури над 40 степени.