19 Декември, 2025
0.2006

Ќе биде ли Македонија дел од Програмата за развој на УЕФА?

Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2014 13:04

Добивај вести на Viber

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски одржа работен состанок со високите гости од УЕФА, Жан Франсоа Домерк, одговорен на одделот за фудбал на УЕФА и Јан Лупеску, секретар на одделот на УЕФА на кои беа анализирани потребите на ФФМ во поглед на новата програма на УЕФА за развој на фудбалот. Претходно, гостите од УЕФА заедно со координаторот на нашите национални селекции, Зоран Стратев и младинските тренери го следеа тренингот на академијата на ФФМ на кои беа презентирани новите фудбалски правила кои веќе се применуваат во натпреварите од младинските конкуренции. „Во нашата програма е предвидено да посетиме 20 национални асоцијации пред кои ќе ја презентираме новата програма на УЕФА за развој на фудбалот. Две национални асоцијации ќе имаат можност да работат според нашата програма која заеднички ќе ја имплементираме. Не радува тоа што Фудбалската федерација на Македонија веќе работи според дел од нашата програма, тоа за нас е многу важно бидејќи ни треба партнер кој веќе ја има поставено базата. За ФФМ тоа е фудбалската академија и младинските селекции, а наша цел е да ви помогнеме во целост да ги реализирате тие проекти и заеднички да се радуваме на новите играчи кои ќе ги создадеме во иднина.  Ние нема да ви наметнуваме нов начин и друга филозофија на работа, само ќе се обидеме да ви помогнеме да го остварите зацртаното низ семинари на кои ќе учествуваат ваши тренери во странство и стручни луѓе кои ќе дојдат во Македонија да ја презентираат својата програма пред тренерите. Позитивно сме изненадени од вашата грижа за најмладите, за фудбалската академија, за детската лига, ги слушнавме идните планови за зголемување на бројот на паралелки за фудбалска академија, сето тоа е дел од вредностите на УЕФА и среќни сме што ФФМ ги прифаќа. Целта на овие проекти е тактички, технички и физички да бидеме многу посилни по нивното завршување. Овие проекти имаат цел да помогнат преку методологијата на работа која сметаме дека носи позитивни резултати и да им наметнат самодоверба на тренерите и играчите за идните големи работи кои им следуваат“, изјави Јан Лупески. Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ја потенцираше важноста која ФФМ им ја дава на младите, но напомена дека ни е потребна поддршка од УЕФА во однос на едукацијата на тренерите кои работат со младите фудбалери. „ФФМ ги прифаќа принципите на УЕФА, а основниот е „Фудбалот на прво место“. За нас е многу значајно што УЕФА ја препознава нашата желба да го направиме многу подобар „фудбалскиот живот“ на младите. Со посветеност и системска работа „Фудбалската академија“ веќе ги вреднува резултатите од својата студиска програма, но наша задача е постојано да ги развиваме, унапредуваме и преиспитуваме содржините на програмата за работа на академијата. Рековме дека нашата визија е да ја претставиме Академијата како водечка институција од тој вид во Македонија, основана по примерот на многу европски школи, со единствена желба своите ученици да ги подготви за времето кое доаѓа, како школа за иднина. Заедно со Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт поддржани од УЕФА мислам дека ќе успееме во таа намера. Пред гостите од УЕФА ја презентиравме програмата, се запознаа со условите за работа, побаравме помош во однос на работата со млади категории, ни треба европското искуство за работа на тренери со млади категории и тренери за физичка подготовка. Ова е нов одличен проект, ФФМ ја заработи почитта од УЕФА благодарение на проектите кои веќе ги реализираше и се надевам дека повторно ќе ја добиеме поддршката која е многу значајна не само за академијата туку и за националните селекции. Искрено се надевам дека ќе бидеме дел од овој проект на УЕФА“, изјави Ѓорѓиоски. На состанокот во „Куќата на фудбалот“, високите гости од УЕФА ја презентираа програмата пред селекторите во младинските национални селекциии и тренерите од фудбалската академија.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство