СЕ ЧЕКА ОДЛУКА НА СУДОТ
Ќе остане ли Талески во куќен притвор?
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
Ќе добие ли битолскиот градоначалник продолжување на притворот?
Токму за ова прашање агенцијата Мета добила одговор од Специјалното јавно обвинителство.
Имено, обвинителката Ленче Ристовска за погоре споменатата агенција потврдила дека во петокот до Основниот суд Скопје 1 СЈО доставило предлог за продолжување на домашниот притвор на Владимир Талески.
Ристовска рекла дека сега ја чекаат одлуката на судот.
Инаку денес истекува притворот на Талески, а судот ќе се произнесе по трет пат за ова прашање.
СЈО го сомничи битолскиот градоначалник за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.