ЌЕ СЕ ОПАРАТ ПОЛИЦАЈЦИТЕ - ќе се исплаќат трошоци за храна за ноќна работа
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2022 09:42
Министерството за внатрешни работи ќе исплати над 113 илјади евра за 288 вработени во министерството на основ трошоци за храна за ноќна работа. Исплатата како што соопштуваат е за вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска.
- Согласно Законот за работни односи и колективниот договор на МВР, со кој е предвидена обврска на работодавачот за исплата на трошоци за храна или обезбедена храна за ноќна работа, МВР изврши исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 288 вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска - се наведува во соопштението издадено од МВР.
Исплатата се врши врз основа на изработени решенија за надомест за трошоци за исхрана за работа ноќе. За таа цел од буџетот на МВР се обезбедени околу 7.000.000 денари кои ќе бидат исплатени во наредните денови.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




