ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ММФ? Еве какво задолжение им даде Русија на членките на БРИКС

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2024 10:20
Русија, која претседава со организацијата БРИКС оваа година, ги повика партнерите во таа група да создадат алтернативи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со цел да се потисне политичкиот притисок од западните земји.
Повикот доаѓа пред самитот на организацијата подоцна овој месец во Казан. Претходно, највисоките финансиски претставници и шефовите на централните банки на земјите од БРИКС ќе се сретнат оваа недела во Москва.
Рускиот министер за финансии Антон Силуанов, кој ќе биде домаќин на состанокот, изјави дека глобалниот финансиски систем е контролиран од западните земји, а БРИКС, кој претставува 37 отсто од светската економија, треба да создаде алтернативи на ММФ.
„ММФ и Светска банка не ги исполнуваат своите улоги. Тие не работат во интерес на земјите од БРИКС“, рече Силуанов на настанот на првиот ден од состанокот.
Тој додаде дека е неопходно да се создадат нови услови, па дури и нови институции, како што е Бретон Вудс, но во рамките на групата БРИКС, пренесе Ројтерс.
Според Ројтерс, единствената финансиска институција што земјите од БРИКС ја создале досега е Новата банка за развој, која беше формирана во 2015 година за финансирање инфраструктурни и проекти за одржлив развој во членките на групата и другите економии во развој.
БРИКС, кој првично се состоеше од четири земји, се прошири и ги вклучи Јужна Африка, Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.
Б92Можеби ќе ве интересира
Врховен суд? Капут! Дали заткулисни игри со изземање и промени на судии му пресудија на „Скопски пазар“ ослободувајќи од вина осудени поранешни директори?

НА БАЛКАНОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: „Ако ова се случи, ќе има колапс“

КОЈ ДРУГ АКО НЕ ТИЕ: Ова е најбрзиот воз во светот, Кинезите го тестираат

Државата ќе прави софтвер за граѓаните да може да бараат најевтини производи

Јагодите годинава поскапи, нема берачи во екот на сезоната

Советник на претседателката смета дека Зоран Ставрески не треба да биде гувернер

Експертите резервирани: Многу е важно во каква форма ќе се трошат 6-те милијарди евра од Британија

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“
