Кои хотели во Европа се меѓу најповолните?
Објавено во: Мои пари 19 Март, 2015 19:26
Соседен Белград го зазема осмото место помеѓу 50 европски метрополи во категоријата најефтини и најповолни хотелски сместувања. Според листата на реномираниот германски пребарувач Триваго кој ги споредува цените на 700 000 хотели, престолнината на Србија има многу богата понуда на хотелско сместување.
Со понуда за март за ноќевање во висина од 79 евра, Белград остана зад Санкт Петербург (52 евра), Краков (58), Софија (61), Варшава (64), Букурешт (70), и Прага (78).
Како што се доближува почетокот на туристичката сезона, цените на престојот е во благ пораст во однос на февруари, па така и во српската престолнина е забележан раст од 5,3 одсто, според државните податоци на Србија.
Најскапа е Женева со неверојатни 301 евро за ноќевање. Зад неа Монте Карло со 263 евра за двокреветна соба, како и Берн со 217 евра.
Во Македонија, ноќевање во хотел ќе ве чини од 50 евра па нагоре, може да најдете и хотел со цена од над 80 евра .
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




