19 Април, 2024
0.0281

ДЕТАЛИ ОД НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ

Кои лица се осомничени во новите предмети на СЈО?

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Два нови обвинителни предлози, но без кодно име упатија специјалните обвинтелки денеска до адреса на Основниот суд.

Тимот на Катица Јанева го презентираше извештајот од кој денессинформираше за новите предмети кои специјалните обвинителки ги работеле по скратена постапка поради имањето на доволно докази за завршување на истрагата.


Од СЈО соопштија дека првото обвинение е за седум припадници на МВР и се однесува на уништување документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а второто за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

За првиот случај обвинителката Фетаи соопшти дека СЈО прибавило доказен материјал и за други кривични дела вршени со цел да се прикрие откривање на тоа кој, како и зошто прислушувал. Од доказите произлезе дека првообвинетиот во својство на службено лице во Петтата управа при УБК незаконито формирал комисија за незаконско ништење на документација и заедно со 6 члена од комисијата уништиле 2 047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациитее.

Доказите до кои дошле специјалните обвинителки покажале дека првообвинетиот издал усна наредба за ништење на документи, иако немал никакви законски ингеренции да го направи тоа бидејќи целта била да се уништат списите поврзани со работата на системите за следење на комуникациите. Помеѓу уништените списи имало и класифицирани документи.

Иако обвинителките не го соопштија идентитетот на обвинетите, а не беа наведени ниту иницијали, сепак дел од медиумите објавија дека во второто обвинение, првообвинети се поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорот и врски, Миле Јанакиески. Ова произлегува од прислушуваниот разговор на кој се повика и обвинителката за време на презенттацијата на обвинението.

Според Фетаи, ова кривично дело започнало со телефонски разговор помеѓу поранешните владини функционери кои разговарале на 1.06.2013 година во 20.57 часот, чијшто разговор траел 4,4 минути.


„Се работи за разговор од телефонска комуникација меѓу двајца припадници на извршната власт, кој е направен на 1 јуни 2013 година во 20.50 часот и трае 4 минути и 4 секунди. Разговорот е воден откако веќе била закажана седница на Советот на Општината Центар, на која како точки на дневен ред биле ставени запирања на неколку детални урбанистички планови, меѓу кои и оној за Мал Ринг. Првообвинетиот во месец јуни побарал, а второобвинетиот прифатил и преку трето, четврто и петтообвинетиот ги поттикнале членовите на партијата да извршат грубо насилство врз градоначалникот на Општина Центар и советниците во Општината од спротивниот политички табор“, образложи Фетаи.

Сета акција била координирана од лица кои биле во салата за седници и кои им давале инструкции на луѓето од толпата како да се однесуваат, кога да викаат, кога да бидат поагресивни и слично, вели Фетаи.


За овој случај во СЈО неодамна на распит беше градоначалникот на општина Центар а Фетаи ја заврши прес конференцијата со порака дека правдата не препознава други кодови освен лица за кои постојат докази за сторени кривични дела и лица за кои не постојат докази за сторени кривични дела.




Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден