10 Мај, 2024
0.0268

Кој има шанса да се вработи во Народна банка?

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Централната банка на Македонија објави нов оглас со кој бара кандидати за шест работни места. Тројца на определено време од една година, додека другите тројца за период од две години. Интересно е што со овој оглас НБ бара двајца пожарникари, на определено време од една година.

Со огласот се бара и преведувач за албански јазик, кој исто така ќе добие договор за работа од една година и притоа ќе работи во секторот за превод во кабинетот на гувернерката.

НБ бара уште тројца кандидати за период од две години. Едното работно место е за „помлад сметководител почетен II степен“ во Отсекот за сметководствени политики и финансиско известување во Дирекцијата финансии, сметководство и контрола. За истата позиција се бара уште еден кандидат но во Рефератот за финансиско и материјално сметководство во Отсекот за финансиско-материјални и пресметковни работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола. Третиот кандидат ќе извршува функцијата „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за планирање на ликвидноста во Дирекцијата за операции на финансиските пазари.

Како што објавува Народна банка, кандидатите за пожарникари и преведувач освен што треба да се државјани на Македонија, треба да се полнолетни и да немаат забрана за вршење на дејност... Оние кои конкурираат за пожарникари покрај завршено средно образование, треба да знаат англиски јазик, и работа на компјутер, но не се бара работен стаж. Треба да поседуваат теоретски и практични познавања за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да имаат психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита и да поседуваат уверение за стручно усовршување за пожарникар и лиценца за физичко обезбедување.

Лицата кои сакаат да се испробаат како преведувачи, треба да имаат завршен факултет од областа на филолошките науки – албански јазик и книжевност, со најмалку 180 кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година по завршување на високото образование, да имаат знаење за превод од македонски на албански јазик и обратно, на документи и материјали за потребите на Народната банка, познавање на релевантна стручна терминологија, знаење за употреба на програмски пакети за работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Оние кои сакаат да се вработат како сметководители и аналитичар треба да имаат завршен факултет од областа на економските науки, но не се бара работно искуство. Во огласот кој го објави Народна банка на својата веб страна се наведени сите детали од работното време, условите за пријавување, па се до платите. Притоа прво ќе се склучат договори на вработување за еден месец, а оние кои немаат искуство прво ќе потпишат договори за приправнички стаж.

Пожарникарите кои ќе се вработат во НБ ќе добиваат 20.827 денари плата. Ако прво почнат на пробна работа висината на плататаќе изнесува 50 проценти од основната, односно 9.250 денари, а за време на приправничкиот стаж 70 отсто или 14.795 денари.

Преведувачот ќе добива 44.647денари, а за време на пробната работа висината на плататаќе му биде исто така 50 проценти од основната, односно 22.769денари.

За работните места сметководител и аналитичар платите би достигнале 35.081денари, за време на пробната работа17.986денари, а за време на приправничкиот стаж 24.819денари.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили