05 Октомври, 2024
0.0275

Која државна институција, во очи избори, унапреди 8 отсто од сите вработени?

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Државниот завод за статистика (ДЗС) во два огласи унапреди вкупно 21 лице меѓу кои четворица станаа раководители на одделенија и сектори, а 19 лица се унапредени во соработници, виши соработници и советници

Соработник, виш соработник, советник и раководител ова се новите звања во систематизацијата за 23 вработени лица кои добија унапредувања од Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статитистика.

Во два процеси односно огласи Државниот завод за статистика унапреди вкупно 23 лица од кои четворица станаа раководители, а другите 19 вработени се поместени нагоре во соработници, виши соработници или советници.

Државниот завод за статистика, според официјалните податоци, достапни на неговата веб страница има вкупно 288 вработени лица. Со овие два огласи и одлуки дури 8 отсто од сите нив добија унапредување. Постапката е завршена во очи претстојните претседателски и парламентарни избори во кои не може да се започнува ниту врши вработување или унапредување во органите на државната администрација.

Инаку двата огласи биле распишани за унапредување на четворица вработени во раководители на сектори и одделенија и уште 21 вработо лице  кои требало да бидат унапредени во соработници, виши соработници или советници.

На огласот за раководители се избрани четири лица за сите понудени раководни места. На другиот интерен оглас за соработници, советници и виши соработници биле избрани 19 лица, а за две биле поништени огласите. 

За волја на вистината на ДЗС мора да му се признае дека целосно и транспарентно ги има ставено на јавен увид одлуките за унапредување и тие се достапни на следните линкови https://www.stat.gov.mk/pdf/konkurs/Odluki_012023_25012024.pdf и на https://www.stat.gov.mk/pdf/konkurs/Odluki_022023_25012024.pdf

ДЗР секако важи за една од најтранспарентните државни инстутиции чија работа е јавно мерлива и видлива според бројот на објави и статистички извештаи кои ги пласираат за потребите на јавноста.

Државниот завод за статистика  е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество.

Државниот завод за статистика е лоциран во Скопје и во институцијата работат 288 лица (195 во Централниот завод  и 93 лица во 8-те регионални одделенија).

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024