17 Октомври, 2024
0.0434

КОЈА Е ФИРМАТА ШТО ДОНЕСЕ ЧИСТА ЗАРАБОТКА ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 9 МЕСЕЦИ, А ДИРЕКТОРОТ ЈА САКА И ГИ КУПИ СКОРО СИТЕ АКЦИИ - се наоѓа во Босилово, еве што работи

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Се занимава со одгледување на домати, но и производство на цигли, и прави одлични заработки. Тоа е компанијата Оранжерии Хамзали од Струмица, која затоа што е толку добра и успешна, многу ја сака директорот, а во моментов и најголем газда. Затоа тој постојано купува од нејзините акции, зголемувајќи го неговиот акционерски пакет, и достигнувајќи сега над 91 отсто.

Таа компанија за девет месеци од почетокот на оваа година успеала да направи профит од дури три милиони евра, или прецизно 2,98 милиони, што е пораст за 14 отстово однос на истиот период лани.

А, на што се должи оваа повеќе од солидна заработувачка?

Секако, тоа се одличните оперативни приходи, односно приходите од продажба, кои за девет месеци изнесуваат 8,11 милиони евра, што е раст за дури 31 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Најголемиот дел се приходите направени од продажба на домашниот пазар, и тоа 7,9 милиони евра, што е зголемување за 30 отсто.

А, многу помалку пари донеле продажбите на странскиот пазар, околу 213 илјади евра, но, пак, кај нив има многу значајно заголемување, и тоа за дури 76 проценти.

Компанијата ги зголемила и расходите, но тие се многу пониски од приходите, и тоа ја прави всушност да биде високопрофитабилна фирма. Оперативните расходи изнесувале 4,5 милиони евра, што во однос на истиот тајминг лани е раст за 37 отсто.

На расходната страна најголемиот „удел“ го прават трошоците за суровини и други материјали, и тоа 2,5 милиони евра, со зголемување од 65 отсто во однос на истиот временски период од минатата година.

Она што е позитивно и е за пофалба е дека на вработените им се исплатени плати во вкупен износ од 1,17 милиони евра, што е раст за дури 27 отсто во однос на истиот период лани. 

Сето ова довело до оперативна добивка од 3,6 милиони евра, што означува пораст за 15 проценти.

Фирмата немала никакви финансиски приходи, но затоа имала финансиски расходи од 259 илјади евра, или има кај нив пораст од 26 проценти.

По плаќањето на овие расходи и на данокот, на Оранжерии Хамзали им останува чист профит од 2,98 милиони евра, што означува плус од 14 отсто споредено со истиот период од минатата година.

Покрај својот финансиски извештај, компанијата вчера преку Берзата го објави и фактот дека управителот Васе Митев завчера купил уште 1.230 акции или 0,17 отсто од вкупниот акционерски капитал. Со тоа, Митев сега поседува вкупно акции од 91,1 отсто, додека самата компанија има сопствени акции од 4,6 проценти. 

Фактор пишуваше дека Оранжерии за првите шест месеци од годинава имаа добивка од 2,4 милиони евра. 

Тогаш се запрашавме дали само раноградинарските култури се тие што и ги носат овие одлични профити на Оранжерии Хамзали, за која е интересно да се дознае и дека настанала од трансформацијата и делбата на некогашен ЗИК Струмица, но и дека е еден од неговите правни наследици.

Компанијата тогаш сама ја извести Берзата што е тоа што ги зголеми нејзините приходи, но тоа не беше нејзината основна дејност, односно „производство на раноградинарски култури - разни сорти на домати, краставици, блага пиперка, лута пиперка, зелка, компир и жито“, туку, зголемените приходи се резултат на зголеменото производтво на цигли, но и порастот на нивните цени.

„Вкупните приходи за дедениот период се зголемени споредбено со истиот период од минатата година а тоа се должи како резултат на зголемениот обем на прозводство на цигли, како и пораст на цените на истите производи....“, напишале од компанијата до Берзата. 

Фактор се заинтересира какви се тие цигли во компанија за домати и пиперки, и пронајдовме извештај кој говори дека компанијата уште пред неколку години почнала да се занимава со нова производствена дејност, и тоа преку компанијата Нова Слога Ресен 2007, која сега е регистрирана како нејзина поддружница, и тоа за производство на цигли, керамиди и печена глина, и која всушност и ги носи најголемите приходи и профитот, што всушност бил и главниот мотив за влез во овој бизнис. Фабриката постои од седумдесетите години на минатиот век, а во 2007 година е приватизирана и обновена од темел со нова, најсовремена технолошка линија за производство на глинени шупливи блокови. Има околу 70 вработени.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?