Кока-Кола платила милион долари да не го дознаете ова!
Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2014
Кока-Кола ги преживува своите тешки моменти. Нивниот најпродаван производ Кола се смета за една од одговорните за дебелината и зголемување на истата. Како потрошувачите се вртат кон здравите пијалоци, со помалку шеќер, така и Кока Кола тргнува кон тој пат. Новите производи со кои сакаат да привлечат повеќе потрошувачи се „природни“ чаеви, сок од портокал и слично.
Но, има еден проблем. Како што пишува Wesupportorganic.com, финансискиот извештај покажал како Кока-Кола платила преку милион долари за да ја спречи обврската на сите произведувачи на нивните производи да означат ако во нив се содржи ГМО.
Она што ги налути сите активисти против ГМО, е дека оваа компанија својот производ „Honest Tea“ го рекламира како производ без ГМО, а од друга страна плаќаат за да би се забранило етикетираеањето на производите со ГМО.