Колкава е штетата од невремето на обиколницата?
Објавено во: Македонија 09 Август, 2016
Оштетени се пет километри од скопската обиколница во невремето, а штетата е пет милиони евра.
Од Агенцијата за државни патишта велат дека е направен увид, но засега не знаат колку ќе чини поправката на обиколницата. Директорот на Фондот за патишта, Александар Стојанов објаснува дека според првичните проценки штетата е пет милиони евра.
Обиколницата е оштетена од натпатникот кај Арачиново до натпатникот кај Стајковци. Се очекува санацијата на обиколницата да трае со месеци.
Едната лента е малку оштетена, другата е многу повеќе оштетена. На оштетениот дел обиколницата е целосно затворена за сообраќај. Во тој дел дозволено е само да се движат возила кои се вклучени во санирањето на штетите и за потребите на локалното население. Во едната лента се вози во два правци.
Обиколницата во саботата беше зафатена со невреме, при што се претвори во река. Дел од граѓаните кои се нашле во тој момент на местото успеале да се спасат, а дел се удавија.