Колкава сума е собрана за поплавените на телефонските броеви?
Објавено во: Македонија 22 Август, 2016
Досега собрани се повеќе од 740.000 евра парична помош за поплавените домаќинства во скопско, информираа од Црвен Крст.
Бидејќи има интерес за донирање, акцијата ќе се продолжи за седум дена и ќе трае заклучно со 29 август. Граѓаните сè уште можат да донираат по 100 денари на телефонските броеви 075/070/077 143 400. Акцијата беше планирано да трае до 21 август, две недели од отворањето на телефонските линии, но и тогаш беше најавено дека ако има интерес, ќе се продолжи периодот на собирање финансиска помош. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени на сметките на луѓето кои беа зафатени од поплавите од 6 август.
Црвениот Крст до вчера доставил повеќе од 30.000 пакети со храна, а однесени се и илјадници оброци, средства за хигиена, пакети за бeбиња, облека, душеци и друго. Екипите на Црвениот крст имале и 177 интервенции за укажување на прва помош.