16 Декември, 2025
0.0375

КОЛКУ ЧИНАТ: Цигарите најскапи во Норвешка, најефтини во Белорусија

Објавено во: Мои пари 03 Јануари, 2015 19:18

Добивај вести на Viber

Најскапи цигари во Европа пушат Норвежаните каде кутија просечно чини 11,84 евра, додека најефтини се во Белорусија каде чинат неполно евро (92 евроценти), а потоа во Србија со просечна цена од 1,17 евра за кутија цигари. Најскапите цигари во ЕУ се во Велика Британија каде кутија во просек чини 11,1 евро, потоа следи Ирска со цена од 9,6 евра а на трето место е Франција во која цигарите повторно поскапеа од 1 јануари и тоа за 30 евроценти и достигнаа цена од 7,30 евра за кутија, Во Шведска кутија цигари во просек чини 6,64 евра,  во Холандија 6,32, а во Данска 5,91 евро, Белгија 5,79 евра, а во Германија 5,47 евра. Потоа следат Италија и Финска со цена од пет евра, па Шпанија и Малта од 4,8 евра. Најефтини цигари во ЕУ пушат Литванците со просечна цена по кутија од 2,06 евра, птоа Летонците со цена од 2,49 евра а потоа Бугарите каде кутија цигари чини 2,55 евра. Потоа следат Австрија и Чешка со цена од 3,25 евра. Во Хрватска кутија цигари чини 3,33 евра, а во Романија 3,4 евра, во Естонија 3,5 евра, во Полска 3,51 евро, а во Словенија и Кипар 3,9 евра. Надвор од Европската унија, најскапи се цигарите во Норвешка, со просечна цена од 11,84 евра за кутија. Најефтини цигари во европските земји надвор од Еу има во Белорусија каде во просек кутија цигари се плаќа 92 евроценти, а на второ место е Србија со просечна цена од 1,17 евра.Во Македонија просечната цена на кутија цигари е помала од евро. Следи Украина со цена од 1,43 евра, а во Албанија кутија цигари чини 1,49 евра. Според законот донесен во 2014, жителите на ЕУ во земјите надвор од ЕУ може да внесат само една штека цигари, а во земјите членки на ЕУ четири штеки наместо 10 колку што беше претходно дозволено. Внатре во ЕУ, можно е да пренесат до 200 цигари и 400 цигарилоси. Бројот на продадени цигари во Франција од година во година се намалува заедно со константното поскапување. Во 1993 година во Франција со просечна цена по кутија од два евра се продадени 93,6 милијарди цигари. Во 2000 просечната цена по кутија изнесуваше 3,2 евра и се продадени 82,5 милијарди цигари. Во 2010 кутија цигари чинела во просек пет евра, а продажбата паднала на 54,8 милијарди цигари. Во 2014 Французите плаќаат седум евра по кутија што довело до падот на продажбата на 47,5 милијарди цигари. Најголема корист во Франција од продажбата на цигари има државата која земја 80 одсто од приходите на продадените цигари, 12 одсто од цената одат во рацете на произведувачот, додека на продавачите им остануваат осум одсто.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив