Колку кубици смет е собран по првомајскиот празник?
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2018 14:03
Во околината на Велешко езеро собрани се вкупно 10 кубни метри најразновиден отпад што го оставиле зад себе посетителите по првомајскиот излет во природа.
Исчистени се рекреативните центри покрај реката Бабуна и крајбрежјето на езерото Младост, како и летниковците за одмор и пешачките патеки покрај езерото, информира Тодорка Андреева, портпаролка на ЈКП „Дервен“ чии екипи го изведоа чистењето, .
– Иако е собран помалку смет во споредба со минатите првомајски излети, сепак, граѓаните што доаѓаат на овие убави излетнички места особено за викендите и празниците, и натаму оставаат отпад. Не знам дали помалите количества смет се резултат на подобрената еколошка совест на граѓаните или во прашање е помалата посетеност на излетничките места годинава. Во секој случај и овие количества смет се показател дека кај граѓаните треба сѐ уште да се буди еколошката свест за заштита на животната средина. Апелираме до нив по престојот во природа, сметот да го фрлат во контејнерите, или ако се преполни во најлонски ќеси да го вратат и да го исфрлат во своите домашни канти за смет – истакна Андреевска.
Можеби ќе ве интересира
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка




