Колку пари се собраа за помош на настраданите?
Објавено во: Македонија 16 Август, 2016
На жиро- сметката на фондот за солидарност на Црвениот Крст досега се собрани околу 380.000 евра.
Преку мобилните оператори се донирани околу 210.000 евра, со што вкупниот солидарен фонд е околу 590.000 евра. Граѓаните донираа по 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400.
Акцијата за собирање на средствата ќе трае 15 дена од денот на отворањето на сметките на 7-ми август, а можно е и да продолжи во зависнот од интересот на граѓаните и на правните субјекти, додаваат од Црвен Крст.
По завршувањето на акцијата средствата ќе бидат префрлени на сметките на жителите согласно направените проценки.
Црвениот крст од септември ќе почне со реализирање на програми за психосоцијална помош за лицата што настрадаа во поплавите во скопско.
За поплавените семејства однесени се над 23.000 пакети со храна.
Поплавите се случија на 6 август и однесоа 22 животи.
Во меѓувреме се прави дезинфекција и други напори за да животот што поскоро се врати во нормала.