Коловозите наместа влажни, нема долги чекања на границите!
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2015
Од АМСМ известуваат дека речиси на сите државни патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата но интензитетот е зголемен а ова важи само за македонската страна на премините.