КОМИТИ СКОПЈЕ: Не сме ничии политички платеници и потрчковци-медиумите дезинформираат!
Објавено во: Македонија 29 Август, 2016
„Во изминативе неколку денови бевме споменувани во насловите на некои од интернет порталите и тв медиумите. Забележавме дека името Комити е злоупотребено од страна на истите и дека се користи како предмет за политички препукувања. Веднаш ги демантираме нивните измислени текстови и ги предупредуваме да не нѐ користат како алатка во нивните игри. Воедно сакаме да се оградиме од изјавата на "Стара гарда Комити" кои не се дел од навивачката група Комити. Ние не сме политички следбеници, туку навивачка група која е слепа за партиските бои! Сакаме уште еднаш по којзнае кој пат да ја известиме јавноста дека не сме ничии политички платеници и потрчковци како медиумите кои шират дезинформации споменувајќи ја навивачката група Комити и искористувајќи ја во политички цели“, стои во реакцијата на Комитите.