Компанијата „Индо минерали и метали“ – дел од акцијата „Ден на дрвото“
Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2014 14:13
Индо минерали и метали е рударска компанија специјализирани за цинк и олово. Акцијата ја поддржаа и во 2013 година кога засадија 4 000 садници, од кои 2 000 беа во Тораница, а 2 000 во Злетово. Менаџментот на компанијата се надева дека ќе ја поддржат оваа акција и во 2015 година.
Преку ваквата активност компанијата сака да ја подигне јавната свест за околината и да го потенцира значењето на потребниот придонес од компаниите и граѓаните кон подобрување на околината.
Покрај овие активности, компанијата Индо минерали и метали, како дел од Бинани Групацијата, во последниве години постигна успешна соработка во различни области. ИММ е долгогодишен спонзор на спортскиот тим од Пробиштип, донатор на книги и играчки за локалната библиотека и градинка, како и донатор на средства во фондот наменет за локалната патна инфраструктура кој се реализира од локалната самоуправа.
Индо минерали и метали, исто така се грижи и за пензионерите – со донација за изградба на старски дом во Злетово и со спонзорство за транспорт на старите лица.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




