27 Декември, 2024
0.0406

Конечно поставени цевките од топловодот под мостот Беласица

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ објави дека новите цевки се конечно поставени под мостот Беласица во Скопје. Со пожарот што го зафати овој мост, онеспособен беше и стариот топловод преку кој се загреваа скопјани од централата ТЕ-ТО.
„За помалку од два месеци, АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина успешно го завршија поставувањето на новите цевки на топловодот под мостот Беласица. Со ова, топловодот ќе биде ставен во функција во најкус можен рок, обезбедувајќи стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија за тековната грејна сезона“, објавија од ЕСМ:

Во завршната фаза, новоизградениот топловод ќе се поврзе со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија, па за време на поврзувањето и ставањето во функција, можно е привремено прилагодување на квалитетот на испораката во попладневните часови за мал дел од корисниците.

„Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и АД ЕСМ брзо и ефикасно ги надминаа сите предизвици, преземајќи ургентни мерки и плански активности за надминување на пречките што го забавија зафатот. Реализацијата на оваа активност е уште една потврда за решителноста и посветеноста на новите раководства на компаниите кон унапредување на енергетската инфраструктура и обезбедување на стабилна и сигурна услуга за сите потрошувачи“, дополнува ЕСМ во известувањето.


Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал