Добивај вести на Viber
Супер Марио на Nintendo конечно ќе се здобие со некои современи апарати, вклучувајќи и со верзија за smartphone.
Компанијата го најави својот високо очекуван одговoр на мобилните игри, велејќи дека ќе развива видео игри за Smartphones базирани на нејзиниот класичен херои.
За целта Nintendo има склучено партнерство со DeNa Co., јапонски снабдувач на игри, благодарение на што компаниите ќе разменат партиции од сопственоста и ќе создадат нова платформа за мобилни игри.
Досега Nintendo се потпираше само на својот бизнис модел базиран на конзолни игри, а дури одбиваше да даде лиценци за нејзините ликови да бидат употребени за мобилни производи поради загриженост дека тоа може да ја намали вредноста на нејзиниот богат каталог на игри. Оваа стратегија ги чинеше многу, велат аналитичарите, посочувајќи дека смартфоните, таблетите и другите преносни уреди се одговорни за голем дел од растот на индустријата.
"Компанијата изгледа го смени својот ум, откако се изјасни против развојот на мобилни игри и јавно се пожали од ниското ниво на нивниот квалитет", коментира Секран Тото, со од Токио кој е консултант во областа на игрите. "Ова е драматично, храбра промена во стратегијата која Nintendo може да ја преземе ".
Договорот меѓу Nintendo и DeNa вклучува крос акционерско учество. Nintendo, која е со седиште во Кјото, изјави дека купува 10% удел од DeNa за 182 милиони долари, додека DeNa стекнува 1,24% од Nintendo за истиот износ.
Компаниите исто така, рекоа дека ќе создадат нов портал за дистрибуција на нивните игри оваа есен, кој ќе биде единствениот начин сопствениците на паметни телефони и други мобилни уреди да добијат пристап до игрите на Nintendo. Порталот ќе биде достапен и во конзолните на компанијата.
Новиот портал ќе нуди иплатени претплати, а се очекува дека ќе ја замени сегашната платформа Club Nintendo, која ќе биде затворена во септември.
Засега компаниите не откриваат кога ќе се подготвени со првите заеднички развиени игри, но целта е платформата да проработи во есента оваа година, што значи дека игрите треба да се појават на пазарот порано.
Претседателот на Nintendo Сатору Ивата изјави дека компанијата се надева да стигне до стотици милиони нови корисници преку услугата, која ќе биде достапна во целиот свет. Според него Nintendo ќе се зафати со разработката на насловите, додека DeNa ќе се занимава со техничкиот дел. Приходите ќе бидат поделени подеднакво.
K.K.