Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија
Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2016 14:08
На 4-ти октомври, 2016 година, во Хотел Буши со почеток од 10 часот ќе се оддржи првата Конференција за инвестиции во недвижности во огранизација на Е-аукција.мк и Knowledge Center. Главна цел на конференцијата е да се презентираат можностите и трендовите за пазарот на недвижности во Македонија, како и да се поврзат сите субјекти кои работат во овој сектор.

Говорници на конференцијата се д-р Анита Ангеловска Бежоска, Вицегувернер на Народна Банка на Република Македонија, Г-дин Славче Трпески, Директор на Агенција за катастар на недвижности г-дин Андреа Серафимовски, Претседател на Здружение на градежништво од Стопанска Комора на Република Македонијаи Г-дин Бранко Ѓуровиќ, основач и проект-менаџер на e-aukcija.mk.
Учесници на форумот со тема “Трендови, предизвици и можности заинвестирање во недвижности во Македонија” се Проф-д-р Ванчо Чифлиганец, генерален менаџер на Адора Инженеринг, Г-дин Момо Веле, CBREМакедонија, Г-дин Дарко Црвенковски од Агенција за Катастар на РМ, Г-ѓа Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС, и Г-ѓа Лилјана Ковачева, претседател на Групацијата на агенции за недвижности при СКМ.
Целосната агенда, како и влезници за Конференцијата може да се најдат на официјалната страна на конференцијата за инвестирање во недвижностиhttp://www.macedoniarealestate.info .
Лице за контакт, Јулија Пелева Стојковска, меил kc.julija@gmail.com,тел. 078 30 15 40.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




