Ковачевски и Димовски не се опфатени со истрагата за „Државна лотарија“
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2024
Основното јавно обвинителство, без да ги именува, објави дека поранешниот премиер Димитар Ковачевски и генералениот секретар на Владата, Методија Димовски, не се опфатени во истрагата за случајот со „Државна лотарија“.
Засега истрагата е сконцентрирана на шест лица поврзани со скапиот закуп на објект од страна на АД Државна Лотарија. За четири лица Кривичниот суд определи мерки на претпазливост, додека првиот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор Перпарим Бајрами се во Косово и, како што стојат работите, тие немаат намера да се вратат.
Сепак, кривичната пријава против Ковачевски и Димовски,поднесена од Управата за финансиска полиција и МВР; се уште не е отфрлена, информираат од Обвинителството, без да ги посочат имињата на пријавените.
-Јавното обвинителство веќе извести дека кривичната пријава за наведените лица не е отфрлена. Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат. Напоменуваме двете лица што ги наведувате се пријавени за сосема друг временски период и за други дејствија, а на седницата на 06.06.2023 година кога точка на дневен ред била наведената одлука претседавал единствено сега осомничениот, информираа од Обвинителството.
Забуната во јавноста настана поради тоа што Ковачевски и Димовски биле опфатени со кривичната пријава на МВР, каде што се пријавени вкупно 8 лица, но од скопското обвинителство информираа дека истрагата е отворена за шестмина. Ова зџначи дека проверките за Ковачевски и Димовски продолжуваат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.