19 Декември, 2025
0.0515

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: BlackBerry веќе нема да произведува смартфони

Некогашниот лидер на пазарот на мобилни телефони, BlackBerry го изгуби својот сјај при појавата на iPhone и подоцнежниот интерес за смартфоните, па така корпорацијата никогаш не успеа да се врати на претходниот успех.

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2016 16:07

Добивај вести на Viber

BlackBerry тукошто стави крај на една ера во историјата на новите технологии.

Канадската компанија објави дека сопира со производството на своите добро препознатливи телефони, карактеристични со својот дизајн.

За време на презентацијата на тримесечните резултати од раководството на фирмата потврдија дека сите наредни идни проекти ќе бидат доделени на надворешни производители.

Некогашниот лидер на пазарот на мобилни телефони, BlackBerry го изгуби својот сјај при појавата на iPhone и подоцнежниот интерес за смартфоните, па така корпорацијата никогаш не успеа да се врати на претходниот успех.

Пред некое време извршниот директор на BlackBerry, Џон Чен изјави: „Ако до септември не најдеме начин да се вратиме повторно кон профит, тогаш ќе треба сериозно да размислиме дали да не се претвориме во целост во софтверска компанија“.

Денес стана јасно дека токму тоа ќе се случи. При претставувањето на финансиските резултати Чен изјави: „Ќе се фокусираме на развојот на софтвер, вклучувајќи и на апликации. Компанијата планира да го прекине секакви хардверски развои, откако оваа функција ќе се преземе од надворешни партнери. Ова ќе ни овозможи да ги редуцираме трошоците и да обезбеди поголем поврат на вложениот капитал“.

За последниот квартал нето загубата на BlackBerry достигна 372 милиони долари, откако 147 милиони долари биле насочени за реорганизација. Година порано производителот беше со добивка од 51 милиони долари при приходи од 490 милиони долари.


Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство