15 Јануари, 2025
0.0319

Крај на турканиците во ЈСП: Утре ќе се промовира нов систем за наплата

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во април беше соопштен новитет во автобусите на ЈСП кој ќе биде официјално промовиран утре.

Скопје ќе добие посовремен начин на превоз, а граѓаните ќе се возат со нови електронски билети.

Се работи за промовирање на  проектот за воведување систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз.

Надлежните очекуваат со новиот електронски систем да се подобри квалитетот на превозот, ќе се намалат клучните проблеми со наплатата-турканиците, а и ќе се контролира движењето на автобусите.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/07/noviteti-od-septemvri-vo-jsp-ke-se-naplaka-so-elektronski-sistem/" target="blank" ] НОВИТЕТИ: Од септември во ЈСП ќе се наплаќа со електронски систем[/button]

Електорнскиот систем за наплата ќе биде инсталиран во 500 автобуси, од кои 384 автобуси на ЈСП- Скопје, а 116 на приватни превозници,  и граѓаните ќе можат еден билет да користат за возење во автобусите и на приватните превозници и на ЈСП.

Наплатата на почеток ќе функционира согласно со постојниот тарифен систем, но во иднина постепено ќе се премине на нов тарифен систем.

Она што би го издвоиле од овој нов проект кој според најавите би требало официјално да стартува од септември е воведувањето на еден билет кој ќе важи и во автобусите на ЈСП и кај приватните превозници а воведувањето на овој систем ќе им овозможува на граѓаните плаќањето да го направат со мобилен телефон, во готово, со  кредитна картичка и со смарт картичка.

За реализација на овој проект Градот Скопје ќе издвои околу 3 милиони евра, а се очекува Системот да почне да функционира во месец септември- истакна при инсталирањето на проектот градоначалникот Трајановски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира