Крива Паланка во црно, утре ден на жалост
Објавено во: Македонија 04 Април, 2015
По немилиот настан кој се случи синоќа на Партизанска во билзина на Универзана сала ги потресе сите граѓани во цела Македноја.
Затоа советот на општина Крива Паланка на вонредната седница одржана вечерва донесе одлука со која 5. април го прогласува за ден на жалост во Крива Паланка, по повод трагичната смрт на нивната сограѓанка Фросина Ц.
„По повод трагичната смрт на младата Кривопаланчанка Фросина Ц. која во петокот го загуби животот во сообраќајна несреќа во Скопје, недела 5 април се прогласува за Ден на жалост во општина Крива Паланка. Во име на градоначалникот на Крива Паланка и од име на советниците на општината во знак на почит кон прерано починатата Фросина Ц. и нејзиното семејство, упатуваме сочувство, а утрешниот ден е прогласен за ден на жалост“, изјавил Борче Стојчевски, претседател на Советот на општина Крива Паланка.
На денот на жалост знамињата во општината ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одлагаат.
Угостителските објекти кои се на територијата на општина Крива Паланка ќе емитуваат сериозна музика.