Кроациа Осигурување дел од ФУДБАЛОДРОМ во Аеродром
Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2014 11:14
Покрај кејот на Вардар зад ТЦ „Три бисери“ од 28-ми јуни до 13-ти јули на отворен простор, на кој ќе биде поставен голем екран, фудбалските фанови ќе бидат дел од спектакуларното фудбалско доживување „Фудбалодром“.
„Фудбалодром“ ќе биде настан што ќе ги собере граѓаните што сакаат да уживаат во фудбалот на голем екран и во друштво на стотици фудбалски фанови.
Покрај големиот екран и одличната атмосфера, „Фудбалодром“ ќе биде проследен и со низа други активности, турнири во „плејстејшн“, турнири во рачни фудбалчиња, натпревари во прецизно шутирање, натпревари во „човечки фудбал“ (human football), детско фудбалско катче, друштво со познати македонски фудбалски ѕвезди, настапи на локални бендови и ДЏ-и, пиво и скара.
Кроациа Осигурување како поддржувач на спортот ќе биде дел и од оваа фудбалска треска обидувајќи се да допринесе за јакнење на натпреварувачкиот дух.
Подарувајќи навивачки балони, фудбалски топки и други бројни подароци ќе допринесеме за поголема забава на присутните навивачи и фудбалски фанови.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




